Скопјани се сеќаваат на катастрофата од 1963
РЕГИОН
3 мин читање
Скопјани се сеќаваат на катастрофата од 1963Еден од оние кои како 15 годишник успеал да го преживее скопскиот земјотрес е Мојсо Мојсовски. Куќата во која живеел се наоѓала зад денешната гимназија Јосип Броз Тито. По земјотресот тој со неговото семејство биле во паркот спроти зградата на Нова
Мојсо Мојсовски / TRT Balkan MK
26 јули 2025

На 26 јули 1963 година накусо запре животот во Скопје. Во 05:17 градот го погоди разорен земјотрес од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот траел 20 секунди, а помали потреси биле регистрирани до 05:43. Според извештаите под урнатините биле пронајдени 1070 жртви. Биле повредени околу 4 000 граѓани, а 200 000 останале без покрив над главата. 

Еден од оние кои како 15 годишник успеал да ја преживее скопската катастрофа е Мојсо Мојсовски, поранешен новинар на Македонското радио.

Тоа мислам не може да се опише. Од сон те буди нешто што ако станеш од кревет не можеш да стоиш на нозе”, вели Мојсовски.

Тој раскажува дека во првите моменти Скопјани не биле сигурни што се случува. Малку недостасувало тој и неговото семејство да настрадаат.

Ги слушам стариве. Ти не знаеш што е ова, ова е атомски рат. А надвор прашина од рушевината што ни падна во двор од зградата. На куп. Бидејќи е вертикален ударот. Ако е размрдана и ако се рушела лево-десно ќе паднеше врз нашето куќиче”, се сеќава тој.

Куќата во која живееле се наоѓала зад денешната гимназија Јосип Броз Тито и била оштетена. Вратата била приклештена, но набргу успеале да излезат. Биле сведоци на неверојатни сцени.

Една инженерка не знам кај работеше се спасила. И неа ја гледаме на нозе. Тетка Тања која што на приземје беше, пружала алишта се најде кај нас во двор. Сето тоа е драматично дури не си свесен што се случува”, вели Мојсовски.

По земјотресот тој со неговото семејство биле во паркот спроти зградата на Нова Македонија. Од она што го нашле дома граѓаните направиле импровизиран камп. Потоа се сместиле во една од чешките бараки на улицата Прашка, каде денес се наоѓа и зградата во која живее.

“Немаше спиење цел ден цела ноќ, утредента проаѓаат возила со сирени што ги водат повредените. Швајцарски населби, полски, какви не. Народот да се смести. Меѓутоа многу народ остана надвор без дом. И многу народ имаше во парк. Секаде каде имаше слободен простор народ живееше”, вели Мојсовски.

Организираноста на населението и помошта која пристигала од секаде давале надеж дека животот брзо ќе се врати во нормала. 

Јас на тоа не можам да не се сетам. Ја слушам “А бре Македонче” од некој транзистор од улицата. Тие биле на “Енгелсова”, моите колеги некогашни и од тука отишле во Маџари и од тука го пуштаат сигналот. И по тоа гледам дека градот ќе живее”, истакна Мојсовски.

Таканаречената зона на штета или макросеизмичкиот центар бил токму во центарот на Скопје, а епицентралниот дел се протегал по должината на коритото на реката Вардар. Помош пристигнала од 87 земји во светот и Скопје бил наречен “Град на солидарноста”. 

 

Повеќе
Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир