| Macedonian
Франција воведува национална платформа за видеоконференции до 2027
Владата ги заменува Mајкрософт Tимс и Зум со Визио, со цел да „ја врати дигиталната независност“
Франција воведува национална платформа за видеоконференции до 2027
Франција воведува национална платформа за видеоконференции до 2027 / AA
28 јануари 2026

Франција планира да ги замени Microsoft Teams, Zoom и другите странски алатки за видеоконференции со своја платформа, Visio, низ сите владини оддели до 2027 година, објави владата.

Давид Амиел, францускиот министер-делегат за државната служба и државната реформа, ја претстави стратегијата, чија цел е подобрување на безбедноста и доверливоста на комуникациите во јавниот сектор, намалување на зависноста од неевропска инфраструктура и поедноставување на соработката меѓу министерствата, според соопштението од понеделник.

Овој потег, исто така, ветува значителни заштеди на трошоци, со проценки до 1 милион евра (1,1 милион долари) на 100.000 корисници кои се префрлаат од лиценциран софтвер.

„Овој проект е конкретна илустрација на посветеноста на премиерот и Владата за враќање на нашата дигитална независност. Не можеме да ризикуваме нашите научни размени, нашите чувствителни податоци и нашите стратешки иновации да бидат изложени на неевропски актери“, рече Амиел.

„Дигиталниот суверенитет е истовремено императив за нашите јавни услуги, можност за нашите бизниси и осигурување од идни закани“, додаде тој.

Visio, лансиран како пилот-програма пред една година, веќе има 40.000 редовни корисници и постепено се распоредува кај 200.000 вработени, развиен со поддршка од Националната агенција за сајбер безбедност на Франција (ANSSI).

Повеќе
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран
Трамп вели дека војната на САД и Израел во Иран ќе заврши наскоро
Ердоган: Прекинете ја американско-израелската војна против Иран пред таа да го зафати целиот регион
Милановиќ му порача на израескиот амбасадор: Ова е Загреб, не е Тел Авив
Ројтерс: Досиејата на ФБИ за Епштајн биле хакирани во 2023 година
Кремљ: Мировните преговори за Украина може да се одржат во Истанбул
Мост на иновации од Дигиталпарк Технокент кон Балканот
Трамп: САД ќе изградат нова рафинерија за нафта, прва по 50 години