| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израел пaк го отвори преминот Рафах за ограничено движење на Палестинците
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нејзините тимови транспортирале 25 пациенти, заедно со нивните придружници, од болница во Кан Јунис во јужниот дел на Газа до преминот
Израел пaк го отвори преминот Рафах за ограничено движење на Палестинците
Израел ги затвори граничните премини на Газа, вклучително и Рафах, по избувнувањето на војната со Иран на 28 февруари / Reuters
19 март 2026

Израел денес повторно го отвори граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет за ограничено движење на Палестинците по 20-дневно затворање.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека нејзините тимови транспортирале 25 пациенти, заедно со нивните придружници, од болница во Кан Јунис во јужниот дел на Газа до преминот, при што во тек се подготовките за нивно заминување на лекување во странство.

Се наведува дека мерката е дел од напорите за олеснување на пристапот на ранетите и болните Палестинци до медицински третман, во услови на сериозен притисок врз здравствениот систем во Газа.

Израел ги затвори граничните премини на Газа, вклучително и Рафа, по избувнувањето на војната со Иран на 28 февруари.

Израелската владина агенција ЦОГАТ во неделата соопшти дека преминот ќе биде повторно отворен за ограничено движење во двата правца, според ист механизам како и пред затворањето и во согласност со релевантните безбедносни директиви.

На 2 февруари Израел делумно го отвори палестинскиот дел од преминот Рафах, кој го контролира од мај 2024 година, но под многу ограничени услови и строги рестрикции.

Според палестински процени, околу 22.000 ранети и болни лица во Газа имаат потреба да ја напуштат енклавата за лекување во странство, поради колапсот на здравствениот систем како резултат на двегодишната војна.

Пред војната стотици Палестинци секојдневно го користеа преминот Рафах за патување кон Египет, а исто толку се враќаа во енклавата.

Но, и покрај неговото повторно отворање минатиот месец, само мал број Палестинци добија дозвола да ја преминат.

Според тројца египетски гранични службеници, дневниот лимит за влез во Египет бил 50 пациенти, при што на секој му биле дозволени максимум двајца придружници, а бројот на луѓе на кои им е дозволено да се вратат во Газа исто така е ограничен на 50.

Оние кои се вратиле за време на краткото повторно отворање во февруари рекле дека биле подложени на обемни безбедносни проверки и испрашувања.

Во тој период преминот функционираше под управа на Министерството за внатрешни работи во Газа, во координација со Египет, без директно учество на Израел.

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила на 10 октомври 2025 година, по израелската воена офанзива во која загинаа повеќе од 72.000 Палестинци, а над 172.000 беа повредени, при што беа уништени околу 90 отсто од цивилната инфраструктура.

Според процените на Обединетите нации, трошоците за обнова ќе изнесуваат околу 70 милијарди долари.

Повеќе
Јастреби или гулаби: Кои се клучните преговарачи во разговорите меѓу Иран и САД во Исламабад?
Пет Палестинци загинале во израелските напади, ученичка во трето одделение убиена во училница
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство