| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Муцунски: Надворешната политика е највисоко оцената и покрај геополитичките предизвици
Осврнувајќи се на забелешките во извештајот поврзани со владеењето на правото, тој рече дека Владата во следниот период ќе направи сè што е потребно за да се елиминираат сите слабости
Муцунски: Надворешната политика е највисоко оцената и покрај геополитичките предизвици
Муцунски: Надворешната политика е највисоко оцената и покрај геополитичките предизвици / TRT Balkan
6 ноември 2025

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, рече дека и покрај сите геополитички предизвици, надворешната политика на државата е највисоко оцената во извештајот на Европската Унија, пренесува Анадолу.

Муцунски во гостување на телевизиска емисија говореше за постигнувањата во областа на надворешната политика, за последниот извештај на Европската комисија, за неодамнешната средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и за Самитот за проширување на Европската Унија во Брисел.

„Надворешната политика и регионалната соработка беа највисоко оценети. Добивме пофалби за усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика, како и за историското партнерство во областа на одбраната и безбедноста. Во еден сложен геополитички период, кога трансатлантските односи не се какви што беа и во услови на конфликти на повеќе места во светот, надворешната политика е највисоко позиционирана низ призмата на вредностите што ги цени Европската Унија, задржувајќи го истовремено стратешкото партнерство со САД“, истакна Муцунски.

Осврнувајќи се на забелешките во извештајот поврзани со владеењето на правото, тој рече дека Владата во следниот период ќе направи сè што е потребно за да се елиминираат сите слабости, по што ќе се очекува соодветно постапување од правосудните институции.

Во однос на евроинтеграциите, Муцунски рече дека фокусот на државата во иднина ќе биде насочен кон исполнување на тековните обврски, со цел да се искористи интересот на ЕУ за проширување и сите механизми кои овозможуваат постепено интегрирање на земјите кандидати.

„Во моментов сме во процес на потпишување на таканаречениот протокол за ослободување од роаминг услуги, што подразбира измени на неколку законски и подзаконски акти, на кои се работи ревносно. Очекувам процесот да заврши до крајот на годината, а во првата половина на 2026 граѓаните да го почувствуваат бенефитот од бесплатниот роаминг“, изјави Муцунски.

Осврнувајќи се на идните чекори во процесот на пристапување кон Унијата, тој изрази очекување дека ќе се најде начин да се обезбеди предвидливост и континуитет во европските интеграции.

Коментирајќи го Самитот за проширување на Европската Унија што се одржа во Брисел, Муцунски нагласи дека најважната порака од овој настан е дека геополитичкиот контекст ја обврзува Европската Унија да го гледа процесот на проширување како процес на унификација на Европа, кој, како што рече, покрај економско има и безбедносно значење.

Повеќе
Бахреин и Катар пресретнаа повеќе од 170 ирански ракети и десетици дронови за три дена
Судот го одби барањето на администрацијата на Трамп да го одложи враќањето на парите од царините
Нетанјаху: Нема да има бесконечна војна против Иран
Арагчи: Рубио призна дека САД почнале војна со Иран во име на Израел
Во Иран почна погребната поворка за 165 деца убиени во американско-израелскиот напад врз училиште
Пакистан: Американските маринци пукале во демонстрантите кои упаднале во конзулатот во Карачи
ЕУ го засилува енергетскиот и безбедносниот надзор поради тензиите на Блискиот Исток
Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Вашингтон ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток