| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Испраќањето европски трупи во Гренланд нема да го промени ставот на Трамп, соопшти Белата куќа
Од Белата куќа изјавија дека разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Мотцфелт со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во среда биле „продуктивни“
Испраќањето европски трупи во Гренланд нема да го промени ставот на Трамп, соопшти Белата куќа
Данските и гренландските власти ги предупредија САД да не го окупираат островот и да го почитуваат нивниот територијален интегритет / AP
16 јануари 2026

Белата куќа синоќа објави дека состанокот меѓу американските претставници и високите претставници на Данска и Гренланд бил продуктивен и предупреди дека испраќањето европски трупи во Гренланд нема да влијае на ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за територијата.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција изјави дека разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Локе Расмусен и Вивијан Мотцфелт со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио во среда биле „продуктивни“.

Таа додаде дека страните се согласиле да формираат работна група која ќе продолжи да води технички дискусии за „аквизицијата на Гренланд“, според британската телевизија.

Според нејзините зборови, „тие разговори ќе се одржуваат на секои две до три недели“.

„Но, претседателот го стави својот приоритет многу јасно, тој сака САД да го добијат Гренланд, тој мисли дека тоа е најдобро за националната безбедност“, рече Ливит.

Таа додаде дека испраќањето војници од европските земји на Гренланд нема да влијае на одлуката на Трамп да ја стекне таа територија.

Данските и гренландските власти ги предупредија САД да не го окупираат островот, истакнувајќи дека очекуваат да се почитува нивниот територијален интегритет.

Овој остров беше данска колонија до 1953 година, остана дел од кралството, но во 2009 година доби автономија, што му овозможи да се самоуправува и да ја одредува својата внатрешна политика.

Повеќе
Бахреин и Катар пресретнаа повеќе од 170 ирански ракети и десетици дронови за три дена
Судот го одби барањето на администрацијата на Трамп да го одложи враќањето на парите од царините
Нетанјаху: Нема да има бесконечна војна против Иран
Арагчи: Рубио призна дека САД почнале војна со Иран во име на Израел
Во Иран почна погребната поворка за 165 деца убиени во американско-израелскиот напад врз училиште
Пакистан: Американските маринци пукале во демонстрантите кои упаднале во конзулатот во Карачи
ЕУ го засилува енергетскиот и безбедносниот надзор поради тензиите на Блискиот Исток
Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Вашингтон ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток