Колку пари испратила дијаспората во земјите во регионот во 2024 година?
РЕГИОН
2 мин читање
Колку пари испратила дијаспората во земјите во регионот во 2024 година?Во Република Северна Македонија дијаспората во текот на минатата година испратила 310 милиони евра или 2% од БДП на земјата.
Колку пари испратила дијаспората во земјите во регионот во 2024 година? / TRT Balkan
17 декември 2025

Вкупно околу 11,33 милијарди минатата година испратила дијаспората во земјите од регионот. Ова го покажуваат официјалните податоци на Евростат за личните дотации од странство за 2024 година.

Според статистиката, највеќе пари дијаспората испратила во Србија, односно 4,46 милијарди евра или 5,4% од вкупниот БДП на оваа земја.

По Србија, следува Хрватска, во која личните дотации од странство изнесуваат 2,27 милијарди евра или 2,6% од БДП, потоа следува Босна и Херцеговина каде во 2024 биле испратени 1,99 милијарди евра (7,6% од БДП), а по неа е Албанија во која се слеале 1,28 милијарди евра лични дотации од странство. Дијаспората во Косово испратила 1,32 милјарди евра или 12,7% од вкупниот БДП на земјата, додека во Црна Гора се испратени 345 милиони евра од странство, односно 4,5% од БДП. Во Република Северна Македонија дијаспората во текот на минатата година испратила 310 милиони евра или 2% од БДП на земјата.

Се работи за дотации на дијаспората која живее и работи во земјите на ЕУ. Веројатно дознаките од странство во земјата би биле повисоки, доколку би се земале в предвид и дознаките од другите земји надвор од ЕУ во кои има македонска дијаспора.

Иако Северна Македонија бележи суфицит, личните дотации од странство кон земјата во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. 

Во 2024 година, суфицит во личните трансфери имаат девет земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска (2,6% од БДП), Бугарија (1,3%) и Португалија (1,2%). Спротивно на тоа, Малта (-2,8%), Кипар (-0,9%), Белгија (-0,6%), Грција, Шпанија и Франција (секоја од -0,5%) покажаа најголеми дефицити на лични трансфери како дел од нивниот БДП, покажуваат податоците на Евростат.

Личните трансфери на пари испратени од жители на ЕУ кон лица кои не се жители на ЕУ, минатата година изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% во споредба со 2023 година (49,2 милијарди евра), додека приливот на лични трансфери кон домаќинствата жители на ЕУ изнесува вкупно 14,8 милијарди евра, што е зголемување од 7% во споредба со 2023 година, објави МИА.

Во последните пет години е забележан значителен раст на одливот на лични трансфери. 

Одливот е зголемен за 51%, додека приливот расне поскромно, зголемувајќи се за 26%.

Како резултат на тоа, има проширување на негативното салдо за ЕУ ​​во однос на земјите кои не се членки на ЕУ, достигнувајќи 37,3 милијарди евра во 2024 година, покажуваат податоците на Евростат.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Хамнеи за првпат се обрати на јавноста: Храбрите воини на Иран ја спречија предноста на непријателот
МАТТО организираше ифтарска програма во Скопје
Фидан: Анкара е целосно против секаков план за предизвикување граѓанска војна во Иран
Иран предупредува дека нападите на САД врз неговите острови ќе „ги прекршат сите ограничувања“
Гаши: Сеќавањето на изгубените животи во Кочани е повик за поголема одговорност, правда и совест
Туркије: Грција ги крши договорите со кршење на демилитаризираниот статус на островите
Германците ги преплавија полските гранични градови за поевтино гориво
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор