| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Предупредувањето доаѓа по тужбата од државата Минесота и нејзините два најголеми градови поради распоредувањето на федералните сили против имиграцијата и убиството од страна на агент на Службата за имиграција и царинска контрола
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Минесота и нејзините два најголеми градови, Минеаполис и Сент Пол, поднесоа тужба поради распоредувањето на над 2.000 федерални агенти / Reuters
14 јануари 2026

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предупреди дека „пресметка и одмазда“ доаѓа во американската држава Минесота, додека протестите продолжуваат поради убиството на жена од страна на припадник на Службата за имиграција и царинска контрола (ИЦЕ), а државните лидери преземаат правни мерки против федералните власти.

Во објава на неговата платформа Вистина (Truth Social), Трамп тврди дека криминалот се намалил насекаде каде што испратил федерални агенти, обвинувајќи ги демократите во Минесота дека ги искористуваат немирите за политичка добивка.

„Не плашете се, големи луѓе од Минесота, денот на пресметка и одмазда доаѓа!“ напиша Трамп, без да разјасни каква форма би имала таквата акција.

Предупредувањето дојде откако Минесота и нејзините два најголеми градови, Минеаполис и Сент Пол, поднесоа тужба во понеделник против Министерството за внатрешна безбедност, матичната агенција на ИЦЕE, барајќи да се запре она што го опишаа како „федерална инвазија“ на државата.

Тужбата го оспорува распоредувањето на повеќе од 2.000 федерални агенти, нарекувајќи го без преседан и неуставен акт.

Тужбата, исто така се однесува на убиството на Рене Гуд, 37-годишна мајка на три деца, која беше смртно застрелана од агент на ИЦE на 7 јануари.

Државните и градските власти тврдат дека операцијата резултирала со широко распространети кршења на граѓанските права и всадила страв во заедниците.

Трамп подоцна изјави дека Гуд веројатно била „многу солидна, прекрасна личност“ под нормални околности, но рече дека нејзиното однесување за време на инцидентот било „прилично тешко“.

„Го видов тоа на многу начини, во многу различни облици и форми“, рече Трамп.

„Имаме стотици илјади убијци во нашата земја.. ИЦE се обидува да ги извади“.

Федералните власти тврдат дека Гуд се обидела да удри агент со своето возило, верзија на настаните што ја оспоруваат државните и локалните власти, како и демонстрантите кои излегоа на улиците низ целата земја.

Во тужбата се обвинува администрацијата на Трамп за кршење на 10-тиот амандман со тоа што го поништува овластувањето на Минесота да спроведува полициски работи, опишувајќи ја кампањата за спроведување како политички мотивирана.

„Се чини дека дејствијата на обвинетите се насочени кон предизвикување бес во заедницата, сеење страв и предизвикување емоционална вознемиреност“, се вели во поднесокот.

Меѓу именуваните обвинети се министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, вршителот на должноста директор на ИЦE, Тод Лионс, и командантот на царинската и граничната заштита, Грег Бовино.

Повеќе
Фон дер Лајен: Враќањето кон руските извори на енергија би било стратешка грешка
Убиени над 1.200 лица, меѓу кои и деца, во напади со дронови во операциите против бандите на Хаити
Два дрона паднаа во близина на аеродромот во Дубаи, повредени четири лица
Кина не ги одобрува нападите врз цивилите и земјите  од Персискиот Залив
Франција тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Либан, ќе испрати 60 тони залихи
Два танкери погодени во Ормускиот залив, не е познато кој ги испалил проектилите
Индискиот највисок суд дозволи прва смрт со пасивна еутаназија
Уништени 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец
Војната на Блискиот Исток нема да го попречи преземањето на НИС
Белата куќа негира дека американската морнарица придружувала танкер низ Ормускиот теснец
Најмалку 16 загинати лица во новите израелски напади низ Либан
Ердоган ја поздравува Туркије како модел на верска слобода, предупредува против исламофобијата
Виткоф: Ќе и веруваме на Русија  дека не споделува разузнавачки податоци со Иран
Гутереш ќе отпатува во Туркије по повод светиот муслимански месец Рамазан
Ердоган до Зеленски: Конфликтот во Иран да не биде пречка за мировните преговори за Украина