| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот, велат од МВР.
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење / AA
7 ноември 2025

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви,  соопшти МВР.

-Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење, велат од МВР.

Статистиката, како што истакнуваат од МВР, покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги остават мобилниот телефон додека управуваат со возилото, да не возат со брзина поголема од дозволената, да не седнуваат зад воланот доколку конзумирале алкохол. 

- Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот, велат од МВР.

До родителите МВР упатува посебен апел, да не им дозволуваат на децата да управуваат какво било превозно средство без соодветна обука, дозвола и надзор.

- Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес, се наведува во соопштението.

Од МВР со најголема одговорност апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат совесни, внимателни и дисциплинирани.

-Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот. Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач.

-Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома, истакнуваат од МВР.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Напојување на револуцијата: Роден од ембарга, турскиот одбранбен гигант Аселсан наполни 50 години
Соочување Трамп-Мадуро: Дали САД ќе почнат копнена операција во Венецуел
Нова алатка за машинско учење открива соединенија што ги принудуваат клетките на ракот на старост
Нетфликс ги купува студијата на Ворнер Брос и ХБО Макс за 72 милијарди долари
Туркије: Меѓународната заедница мора да преземе чекори против загрозувачките постапки на Израел
Руската централна банка ги укинува ограничувањата за меѓународни парични трансфери
ЕУ го казни X на Илон Маск со 120 милиони евра за прекршување на обврските за транспарентност
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Нарачките од германските фабрики се зголемиле над очекувањата
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија