| Macedonian
СпејсX го купи xAИ: Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании
Вредноста на СпејсX беше проценета на 800 милијарди долари по секундарната продажба на акции во декември 2025 година, додека xAИ беше проценета на 230 милијарди долари по последната рунда финансирање во јануари
СпејсX го купи xAИ: Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании
СпејсX побара дозвола за лансирање констелација од еден милион сателити за создавање мрежа од соларно напојувани центри за податоци за ВИ / Reuters
3 февруари 2026

СпејсX објави дека го купи xAИ, спојувајќи ги двете компании на милијардерот Илон Маск во она што се вели дека е највредната приватна компанија во светот.

Маск во изјава на веб-страницата на СпејсX рече дека спојувањето претставува „следно поглавје“ во заедничката мисија на СпејсX и xAИ.

Аналитичарите проценуваат дека овој потег укажува на потребата на xAИ за поголеми финансиски и компјутерски ресурси во сè поконкурентната област на вештачката интелигенција, како и на растечката важност на таа технологија за иднината на истражувањето на вселената.

Според податоците од истражувачката фирма ПичБук, вредноста на СпејсX беше проценета на 800 милијарди долари по секундарната продажба на акции во декември 2025 година, додека xAИ беше проценета на 230 милијарди долари по последната рунда финансирање во јануари.

Маск изјави дека напредокот во вештачката интелигенција во моментов се потпира на големи центри за податоци на Земјата, кои бараат огромни количини на енергија и ладење, и процени дека „логичното решение“ е да се преместат ваквите системи во вселената.

Минатата недела, СпејсX поднесе барање за дозвола од Федералната комисија за комуникации за лансирање констелација од еден милион сателити, со цел создавање мрежа од центри за податоци напојувани од сончева енергија за цели на вештачка интелигенција.

Според проценките на Маск, во рок од две до три години вештачката интелигенција би можела да се развие најевтино во вселената.

Во меѓувреме, растот на побарувачката за компјутерска моќ и енергија веќе поттикнува големи инвестиции во инфраструктура од страна на технолошките компании, додека некои делови од САД забележаа значителни скокови во трошоците за електрична енергија во близина на центрите за податоци.

xAИ, која неодамна собра 20 милијарди долари од инвеститори, исто така е сопственик на социјалната мрежа X, чиј четбот за вештачка интелигенција Грок се соочи со критики за проблематична содржина.

Сепак, интересот на инвеститорите за вештачка интелигенција останува силен.

Во минатото имало значителна соработка и преклопување на персоналот помеѓу СпејсX и xAИ иако некои поранешни вработени предупредија за можни корпоративно-културни разлики меѓу компаниите.

„xAИ функционира по принципот делувај брзо и не плаши се од грешки, со рамна хиерархија и пристап прво направи, па прашај. Стравувам дека многумина од xAИ ќе доживеат културен шок во СпејсX“, напиша Бенџамин де Кракер, поранешен член на xAИ.

Во декември, Маск ги потврди плановите за првична јавна понуда на акции на СпејсX, која наводно би можела да биде меѓу најголемите во историјата и дополнително да ја зголеми неговата веќе огромна нето вредност.

Повеќе
Турски Рокетсан ја претстави лизгачката муниција со вештачка интелигенција „Ерен“
Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Регистар на цени и закупнини: Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови
Венецуела соопшти дека 896 притвореници се ослободени, а лидерот на опозицијата повторно е уапсен
ССМ на протест пред Собранието
Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД
Високиот ирански безбедносен функционер пристигна во Оман за да разговара за нуклеарните разговори
Двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот
Трамп се спротивставува на израелската анексија на Западниот Брег
Фидан: Воздушните напади нема да го соборат иранскиот режим
Деветмина Палестинци убиени во вчерашните израелски напади во Газа
Османи: Патот на Косово кон НАТО и ЕУ е несопирлив
Турскиот министер за надворешни работи се сретна со високиот претставник за Газа
Вучиќ возможно е да се кандидира за премиер на Србија
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“