Воздушната одбрана на НАТО пресретна и собори иранска балистичка ракета, која се движела кон Туркије, соопштија во среда претставници на турското Министерство за одбрана.
Ракетата беше пресретната надвор од турскиот воздушен простор откако ги преминала териториите на Ирак и Сирија.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека фрагмент од пресретнувачката ракета, која беше употребена за уништување на заканата во воздух, паднала во округот Дортјол во покраината Хатај.
Не се пријавени жртви или повредени.
Анкара соопшти дека нејзината волја и капацитет за заштита на националната безбедност остануваат на највисоко ниво, нагласувајќи дека, иако Туркије ја поддржува регионалната стабилност и мир, таа е целосно способна да ја брани својата територија и граѓаните од каква било закана.
Властите предупредија дека секоја непријателска акција ќе наиде на цврст одговор и ги повикаа сите страни да избегнуваат чекори што би можеле дополнително да го прошират конфликтот.
Туркије додаде дека ќе продолжи со консултациите со НАТО и сојузничките партнери.
„Го повторуваме нашето предупредување до сите страни да се воздржат од чекори што би можеле да ги зголемат тензиите во регионот и да доведат до ширење на конфликтите на пошироко подрачје“, изјави шефот на одделот за комуникации на Туркије, Бурханетин Дуран.
Тој, исто така, ги замоли корисниците на социјалните медиуми да избегнуваат споделување на непотврдени информации.














