| Macedonian
Албанија ја укина привремената забрана за TикТок
Албанскиот совет на министри ја поддржа одлуката за укинување на привремената мерка со која се ограничува пристапот до платформата TikTok во земјата, објавија локалните медиуми
Албанија ја укина привремената забрана за TикТок
Албанија ја укина привремената забрана за TikTok / AFP
5 февруари 2026

Албанија ја укина привремената едногодишна забрана за пристап до платформата TikTok, објавија локалните медиуми во четврток.

Албанскиот совет на министри ја поддржа одлуката за укинување на привремената мерка со која се ограничува пристапот до платформата TикТок во земјата, наведувајќи дека „прашањата во областа на јавната и социјалната безбедност во дигиталната средина веќе се решени“, објавија локалните медиуми.

Одлуката, потпишана во вторник, му наложува на Националниот орган за кибербезбедност да ја суспендира примената на претходно воведените технички мерки, кои ќе овозможат целосен пристап до платформата.

Албанија го забрани пристапот до платформата TикТок во март 2025 година по трагичното убиство на 14-годишниот Мартин Цани во близина на училиштето Фан Ноли од негов врсник.

„Социјалните мрежи, особено ТикТок и Снепчет, секојдневно ги влечат нашите деца во своите лавиринти уште од мали нозе“, изјави албанскиот премиер Еди Рама во медиумско појавување по убиството во Тирана.

Одлуката за укинување на забраната за ТикТок ќе стапи на сила по објавувањето во „Службен весник“, по што албанските граѓани повторно ќе можат да ја користат платформата.

Повеќе
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран
Трамп вели дека војната на САД и Израел во Иран ќе заврши наскоро
Ердоган: Прекинете ја американско-израелската војна против Иран пред таа да го зафати целиот регион
Милановиќ му порача на израескиот амбасадор: Ова е Загреб, не е Тел Авив
Ројтерс: Досиејата на ФБИ за Епштајн биле хакирани во 2023 година
Кремљ: Мировните преговори за Украина може да се одржат во Истанбул
Мост на иновации од Дигиталпарк Технокент кон Балканот
Трамп: САД ќе изградат нова рафинерија за нафта, прва по 50 години
Инстаграм во Јапонија ќе предупредува ако малолетници пребаруваат самоубиство
Фон дер Лајен: Враќањето кон руските извори на енергија би било стратешка грешка
Убиени над 1.200 лица, меѓу кои и деца, во напади со дронови во операциите против бандите на Хаити
Два дрона паднаа во близина на аеродромот во Дубаи, повредени четири лица
Кина не ги одобрува нападите врз цивилите и земјите  од Персискиот Залив
Франција тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Либан, ќе испрати 60 тони залихи