| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
Податоците на Евростат покажуваа дека највисока стапка на самовработени меѓу лицата на возраст за пензионирање има во Шведска и тоа од 98,4 отсто, пред Финска од 88 и Ирска од 87,7 проценти.
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат
Над 10 отсто од лицата на возраст за пензионирање во ЕУ и натаму работат / AA
10 јуни 2025

Вкупно 10,2 отсто од лицата во ЕУ кои во 2023 година биле на возраст за пензионирање се уште работеле, при што дури 56,4 проценти од нив биле самовработени, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. 

Според дефиницијата на ЕУ, за самовработени се сметаат оние лица кои вршат профитабилна дејност за сопствена сметка, според условите утврдени со националното законодавство, без притоа да имаат склучено договор за работа со работодавец. 

Податоците на Евростат покажуваа дека највисока стапка на самовработени меѓу лицата на возраст за пензионирање има во Шведска и тоа од 98,4 отсто, пред Финска од 88 и Ирска од 87,7 проценти. Од друга страна, меѓу работно ангажираните лица на пензионерска возраст во Шпанија само 18,2 проценти биле самовработени, по што следуваат Грција со стапка од 20,3 и Словенија од 40,4 отсто.   

Над половина од вработените лица на пензионерска возраст во ЕУ или 57 проценти биле ангажирани со скратено работно време. За споредба, со скратено работно време работат само 16,2 отсто од работниците во ЕУ на возраст пониска од потребната за пензионирање.  

Така, во Хрватска дури 89,4 отсто од лицата на возраст за пензионирање работеле со скратено работно време, по што следуваат Шведска со 79,2 и Белгија со 78 проценти. 

Од друга страна, со скратено работно време биле ангажирани само 9,2 отсто од вработените лица на пензионерска возраст во Бугарија, по што следуваат Литванија со 19 и Летонија со 23,2 проценти. 

Старосната граница за пензионирање на жените во ЕУ во 2024 година се движеше од 60 години во Австрија и Полска, 61 година во Романија, 62 години и два месеци во Бугарија, 62 години и осум месеци во Чешка, 63 години и шест месеци во Хрватска и 64 години во Литванија. 

Кај мажите, пак, старосната граница за пензионирање лани изнесуваше од 63 години и четири месеци во Чешка, 64 години и шест во Литванија, 64 години и седум месеци во Бугарија, до 65 години во Австрија, Полска, Романија и Хрватска. 

На Малта и за мажите и за жените лани старосната граница за пензионирање беше 62 години, во Естонија е 63 години и девет месеци, во Словачка 64, во Кипар, Летонија, Луксембург, Словенија, Унгарија Финска 65, во Германија 65 години и седум месеци, во Белгија, Ирска и Шведска 66, во Португалија 66 години и четири месеци, во Шпанија 66 години и осум месеци, а во Грција, Данска, Италија Холандија 67 години. 

Во Франција и мажите и жените може да заминат во пензија на 62-годишна возраст, но право на полна пензија стекнуваат дури на 67 години. 

Во нашиот регион во 2024 година жените заминувале во пензија на возраст од 61 година во Албанија, на 63 години и осум месеци во Србија и на 64 во Црна Гора, а мажите на 65 години во Албанија и Србија и на 66 години во Црна Гора. Босна и Херцеговина и Косово, пак, имаат полова рамноправност во пензионирањето на 65 години. 

Во земјава старосната граница за пензионирање на жените е 62 години, а на мажите 64 години.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Половина милион луѓе на улиците на Италија во генерален штрајк поради буџетот
Израел го нападна јужен и источен Либан во повторни прекршувања на примирјето
До 2038 година речиси 30% од населението во Германија ќе бидат пензионери
Бурата Бајрон уби две деца и тројца мажи во Газа, а бројот на жртви од катастрофалното време расте
САД го притискаат Израел да ја исчисти планината од отпад предизвикан од бомбардирањето на Газа
Курти: Депортирани мигранти пристигнуваат во Косово од САД според договорот со Трамп
Москва: Предлозите на ЕУ за користење на руски имот се нелегални
ЕУ ќе ги замрзнува руските средства на потрајна основа
Сириза ја повика грчката влада да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел
Јапонија го укина предупредувањето за цунами по силен земјотрес
Тајланд го распушти парламентот за предвремени избори
Претставничкиот дом на САД ја отфрли иницијативата за импичмент на Трамп
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност
Ердоган: Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот
Албанските граѓани протестираа во Тирана против корупцијата и сиромаштијата