| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Италијанските обвинители повикаа на распит осомничен дека учествувал во „Сараево Сафари“
Станува збор за 80-годишен поранешен камионџија од Порденоне, кој се фалел дека бил во т.н. „лов на луѓе“ за време на опсадата на Сараево, а кај кого било пронајдено оружје
Италијанските обвинители повикаа на распит осомничен дека учествувал во „Сараево Сафари“
Обвинителството во Милано ја започна истрагата во ноември 2025 година, фокусирајќи се на т.н. „викенд-снајперисти“ / AA
пред 17 часа

Италијанските обвинители повикаа едно лице на распит во рамки на истрагата за наводи дека неколку италијански државјани за време на војната во Босна и Херцеговина патувале во земјата за да им се приклучат на српските снајперски единици и да пукаат врз цивили „за забава“, објавија локалните медиуми.

Истрагата за случајот наречен „Сараево Сафари“ произлегува од кривичната пријава поднесена во февруари 2025 година од италијанскиот новинар и писател Ецио Гавацени, кој доставил документи и докази поврзани со опсадата на Сараево.

Обвинителството во Милано ја започна истрагата во ноември 2025 година, фокусирајќи се на т.н. „викенд-снајпери“ – лица кои, наводно, доаѓале од Италија и други земји за да учествуваат во нападите за време на војната.

Италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на судски извори, објави дека 80-годишен поранешен возач на камион, кој живее во североисточниот град Порденоне, бил повикан на распит. Се очекува сослушувањето да се одржи на 9 февруари.

Според обвинителите, во период меѓу 1992 и 1995 година, осомничениот и други засега неидентификувани лица пукале со снајперски пушки од ридовите околу Сараево, при што убивале невооружени цивили, меѓу кои жени, деца и постари лица, како дел од организиран план.

Италијанските медиуми дополнително објавија дека осомничениот подоцна се фалел дека учествувал во т.н. „лов на луѓе“ за време на опсадата на градот.

Истрагата утврдила дека тој неколку пати патувал на подрачјето на поранешна Југославија за време на војната во БиХ, што потврдила и компанијата за која работел.

При претрес на неговиот дом биле пронајдени два пиштоли, една пушка и четири сачмарки.

Сараево беше нападнато на 6 април 1992 година и остана под опсада повеќе од три години. Во тој период беа убиени 11.541 цивил, меѓу кои 1.601 дете. Инфраструктурата на градот, како и бројни историски и културни објекти, беа тешко оштетени.

Повеќе
Израел испрати во Газа тела на 54 Палестинци и кутии со останки од 66 починати
Хјуман рајтс воч: Трамп ги нападна основните столбови на демократијата
ЕУ продолжува да работи на царинскиот договор со САД откако се смирија тензиите околу Гренланд
Трамп и Кси разговарале за продажбата на американско оружје на Тајван и стабилизирање на односите
Гутереш: Истекувањето на договорот Новиот СТАРТ е сериозен момент за светската безбедност
Гувернерството на Ерусалим: Израел започнува нов пат за населување северно од Источен Ерусалим
Рускиот амбасадор вели дека Москва ќе продолжи да испорачува нафта на Куба
Јужна Кореја сака поголемо воено присуство на цивилниот дел од демилитаризираната зона
Трамп вели дека пукањата врз демонстрантите во Минеаполис биле неоправдани
Италијанските обвинители повикаа на распит осомничен дека учествувал во „Сараево Сафари“
Абдел Фатах ал – Сиси:Египет и Туркије се согласија да ги зголемат трговската размена и инвестициитe
ЕУ одобри заем за поддршка на Украина од 90 милијарди евра
Ердоган: Соработката со Египет придонесува за регионалната стабилност
Ердоган: Туркије и Египет работат заедно за постигнување мир во Газа и стабилност на Либија
Виртуелна средба Путин – Си Џинпинг