| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Од 1 декември поскапува парното, сметките повисоки за околу 130 денари
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски нагласи дека во следниот период е потребна сериозна санација и модернизација на топловодната мрежа, а овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување
Од 1 декември поскапува парното, сметките повисоки за околу 130 денари
За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е во просек 7,6%, а за корисниците на Скопје Север- Енерџи Еко Линк во просек 7,7% (Фото: РЕК) / Others
28 ноември 2025

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека од 1 декември цената на топлинската енергија ќе се зголеми за дел од потрошувачите.

Според одлуката, за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем- ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство- цената се зголемува во просек за 5,9%. За потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е во просек 7,6%, а за корисниците на Скопје Север- Енерџи Еко Линк во просек 7,7%.

„Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за 130 денари- од 2.200 денари на 2.330 денари“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој нагласи дека во следниот период е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна санација и модернизација на топловодната мрежа.

Според него, овие инвестиции ќе ги намалат дефектите, ќе го подобрат квалитетот на снабдување и ќе овозможат проширување на мрежата, што би довело до зголемување на кoрисниците.

Бислимоски повтори дека греењето на парно и понатаму е најекономично, додавајќи дека анализите покажуваат дека доколку сите исклучени потрошувачи се вратат на системот, сметките би се намалиле за околу 10%.

Вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.

Повеќе
Кина не ги одобрува нападите врз цивилите и земјите  од Персискиот Залив
Франција тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Либан, ќе испрати 60 тони залихи
Два танкери погодени во Ормускиот залив, не е познато кој ги испалил проектилите
Индискиот највисок суд дозволи прва смрт со пасивна еутаназија
Уништени 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец
Војната на Блискиот Исток нема да го попречи преземањето на НИС
Белата куќа негира дека американската морнарица придружувала танкер низ Ормускиот теснец
Најмалку 16 загинати лица во новите израелски напади низ Либан
Ердоган ја поздравува Туркије како модел на верска слобода, предупредува против исламофобијата
Виткоф: Ќе и веруваме на Русија  дека не споделува разузнавачки податоци со Иран
Гутереш ќе отпатува во Туркије по повод светиот муслимански месец Рамазан
Ердоган до Зеленски: Конфликтот во Иран да не биде пречка за мировните преговори за Украина
Османи: Администрацијата на Трамп најмногу го поддржува Косово од прогласувањето на независноста
Русија и Украина тврдат дека добиле територијални добивки во регионите Донецк и Дњепропетровск
Трамп не вердува дека новиот врховен лидер на Иран може да живее во мир