| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Уапсен поранешниот британски дипломат Манделсон поради врските со Епштајн
Неговите наводни врски со Епштајн предизвикаа политичка криза што некои коментатори ја нарекуваат најсериозна од аферата „Профумо“ од почетокот на 1960-те, која ја заврши кариерата на државниот секретар за војна Џон Профумо
Уапсен поранешниот британски дипломат Манделсон  поради врските со Епштајн
Апсењето доаѓа како дел од кривична истрага против Манделсон по обвинувањата дека му проследувал владини е-пораки на Епштајн / Reuters
пред 4 часа

Питер Манделсон, поранешниот британски министер за бизнис и амбасадор во САД, е уапсен под сомнение за злоупотреба на службената должност по неодамнешното објавување документи поврзани со американскиот сексуален престапник Џефри Епштајн, соопшти полицијата во понеделник.

„Полицијата уапси 72-годишен маж под сомнение за злоупотреба на службената должност“, соопшти лондонската Метрополитен полиција во соопштението.

Манделсон беше уапсен на адреса во областа Камден во Лондон порано во понеделник и беше однесен во полициска станица на испрашување, се додава во соопштението.

Исто така, се вели дека апсењето следело по претреси на две локации во Вилтшир, југозападна Англија, како и во Камден.

Апсењето доаѓа како дел од кривична истрага против Манделсон по обвинувањата дека му проследувал владини е-пораки на Епштајн, кој почина во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година.

Откритијата, кои веќе доведоа до оставки на високи советници на премиерот Кир Стармер, повторно го насочија вниманието кон минатите врски на Манделсон и направија споредби со некои од најголемите политички скандали во Велика Британија.

Неговите наводни врски со Епштајн предизвикаа политичка криза што некои коментатори ја нарекуваат најсериозна од аферата „Профумо“ од почетокот на 1960-тите, која ја заврши кариерата на државниот секретар за војна Џон Профумо.

Манделсон, долго познат како политички спин-доктор и „принц на темнината“ поради неговата стратешка вештина и влијание зад сцената, ja заврши деценискаta кариера со неговата неодамнешна оставка од Лабуристичката партија и од Домот на лордовите.

Британската влада, пак, размислува да донесе закон со кој ќе се отстрани Ендрју Маунтбатен-Виндзор од линијата на кралското наследување, објави Би-Би-Си во петокот.

Овој потег, кој би го спречил Маунтбатен-Виндзор некогаш да стане крал, би дошол по завршувањето на полициската истрага.

Братот на кралот останува осми во редот за наследување на тронот и покрај тоа што му беа одземени титулите, вклучително и „принц“, минатиот октомври, поради притисокот поради неговите врски со педофилскиот финансиер Џефри Епштајн.

Ендру Маунтбатен-Виндзор беше ослободен во четврток вечерта откако беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција поврзана со Епштајн. Тој силно ги негира обвиненијата.

Повеќе
Пакистан и Туркије ветуваат подлабока безбедносна соработка
Почнува велигденскиот пост
Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати
Уапсен Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер
Кина со апел до САД да ги укинат едностраните царини
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди кинескиот регион Синџијанг
САД би спровеле проширена воена операција во Иран ако пропаднат нуклеарните преговори
Автобус падна во река во Непал, загинаа најмалку 17 лица
Мексико повикува на смиреност по воената ликвидација на нарко шефот „Ел Менчо“
Кси му честита на севернокорејскиот лидер Ким за реизборот за лидер на владејачката партија
Амбасадата на Туркије и МАТУСИТЕБ организираа ифтарска програма во Штип
Трамп воведува дополнителни 10% царини, откако Врховниот суд му поништи широк спектар на тарифи
Зошто ќе биде тешко да се постигне нуклеарен договор со САД и Иран кои се држат до своите позиции
Притаена анексија? Израелските мерки на Западниот Брег ги тестираат црвените линии на САД
Шпигел: ЦИА знаела за плановите за напад врз Северен тек 2 од самиот почеток