| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Северна Македонија меѓу 60-те целни земји на Туркије за извоз во 2026 година
Северна Македонија, Палестина, Унгарија, Словачка и Сирија се новододадени на листата на целни земји за извоз на Министерството за трговија на Туркије
Северна Македонија меѓу 60-те целни земји на Туркије за извоз во 2026 година
Северна Македонија меѓу 60-те целни земји на Туркије за извоз во 2026 година / AA
7 јануари 2026

Министерството за трговија на Туркије годинава утврди 60 земји меѓу кои и Северна Македонија како „целни пазари“ за извоз, со цел развој на извозот кон алтернативни пазари и примена на дополнителни мерки за поддршка.

Според информациите што ги собра Анадолу, Министерството спроведува бројни активности со цел трговијата да стане поконкурентна, побрза и посигурна, да се поттикне извозот со висока технологија и додадена вредност и на тој начин да се придонесе за одржлив економски раст.

Со цел понатамошно зајакнување и развој на извозниот потенцијал, Министерството обезбедува поддршка за извозниците во различни области.

Во овој контекст, секоја година, во рамките на надворешно-трговските политики на Туркије, пазарите што имаат стратешки приоритет и висок извозен потенцијал се утврдуваат како „целни земји“. Министерството ги поддржува компаниите што извезуваат во овие земји преку посебни механизми за поттик.

При утврдувањето на целните земји, секоја година се земаат предвид уделот на земјите во глобалната е-трговија, условите за влез на пазарот, оддалеченоста, како и извозните стратегии на Министерството.

При идентификувањето на овие земји, кои имаат важно место во надворешно-трговската стратегија на Туркије, се постапува и во согласност со глобалната политичка и економска конјунктура.

Компаниите се насочуваат кон овие пазари

На овој начин се цели да се намали можниот негативен ефект врз извозот од евентуалното намалување на традиционалните пазари и да се зголеми извозот кон алтернативни пазари. За утврдување на различни целни пазари кон кои може да се насочат компаниите, како основа се користат макроекономски показатели, матрица раст-удел и анализи за диверзификација на пазарите.

Во овие анализи се земаат предвид земјите опфатени со Стратегијата за далечни земји, членките на Организацијата за исламска соработка, како и земјите анализирани во рамките на Стратегијата за развој на извозот.

Во согласност со Одлуката за поддршка на извозот, за трошоците поврзани со целните земји се применува дополнителна поддршка. Поддршка се обезбедува во многу области, особено за промоција на е-извоз, услуги за исполнување на нарачки, секторски трговски и куповни делегации, како и трошоци за провизии на пазарни платформи.

​​​​​​​Утврдени 60 земји

Како резултат на анализите и проценките спроведени од Министерството, годинава 60 земји се утврдени како „целни земји за извоз“. Тие се:

„Германија, Соединетите Американски Држави, Австралија, Азербејџан, Бахреин, Бангладеш, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство, Босна и Херцеговина, Бразил, Алжир, Чешка, Народна Република Кина, Индонезија, Етиопија, Мароко, Брегот на Слоновата Коска, Филипини, Палестина, Франција, Гана, Јужноафриканска Република, Јужна Кореја, Индија, Ирак, Шпанија, Италија, Јапонија, Камбоџа, Канада, Катар, Кенија, Колумбија, Кувајт, Либија, Унгарија, Северна Македонија, Малезија, Мексико, Египет, Нигерија, Узбекистан, Пакистан, Перу, Португалија, Романија, Русија, Сенегал, Србија, Словачка, Сирија, Саудиска Арабија, Чиле, Танзанија, Тајланд, Тунис, Оман, Јордан, Венецуела и Виетнам.“

Минатата година бројот на целни земји за извоз беше утврден на 55, додека годинава на постојната листа се додадени Палестина, Унгарија, Северна Македонија, Словачка и Сирија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Германските фирми ја гледаат Туркије како стратешки центар за производство и снабдување
Фидан и иранскиот министер за надворешни работи разговараале за регионалните тензии
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Американските производители на нафта нудат поддршка во Иран во случај на промена на режимот
Москва ја обвини ЕУ за лицемерие во врска со „Жолтите елеци“ и протестите во Иран
Земјоделците го напуштија Париз, протестите ескалираа во Тулуз
Израел уби двајца Палестинци во Газа во ново кршење на прекинот на огнот
Франција бележи демографски пресврт во 2025 година за првпат после Втората светска војна
Американски сенатори предлагаат закон за спречување на Трамп да го заземе Гренланд
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Најмалку 22 загинати, 55 повредени при пад на кран врз воз во Тајланд
ОН го предупреди Израел дека ќе го тужи пред МСП поради законот против УНРВА
Бројот на жртви во Иран достигна 2.500, Техеран и Вашингтон разменуваат обвинувања
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година
На иницијатива на премиерот Мицкоски ќе се одржи лидерска средба за реформските закони