| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Косово не планира задолжителен воен рок, Маќедонци најави доброволен модел
Министерот Маќедонци нагласи дека концептот на сеопфатна одбрана предвидува доброволно вклучување на граѓаните, со цел зголемување на резервните капацитети на државата
Косово не планира задолжителен воен рок, Маќедонци најави доброволен модел
Косово не планира задолжителен воен рок, Маќедонци најави доброволен модел / AA
20 февруари 2026

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, изјави дека Косово нема да воведе задолжителен воен рок, туку ќе развива модел на доброволна служба во рамките на Косовските безбедносни сили (КБС).

Како што пренесуваат локалните медиуми, Маќедонци нагласи дека концептот на сеопфатна одбрана предвидува доброволно вклучување на граѓаните, со цел зголемување на резервните капацитети на државата.

„Секој граѓанин на Косово ќе има можност да се регистрира и да биде доброволец во Косовските безбедносни сили“, изјави Маќедонци.

Според министерот, цел е изградба на резервен систем што може да се активира во случај на потреба, во согласност со практиките на земјите членки на НАТО. Тој додаде дека КБС располага со доволно материјални капацитети за овој модел.

„Денес имаме четирипати повеќе индивидуални пушки отколку активен персонал“, рече Маќедонци, посочувајќи дека вклучувањето на граѓаните ќе биде регулирано со закон и проследено со соодветна обука.

Тој истакна дека цел не е „милитаризација на општеството, туку зголемување на подготвеноста и свесноста за одбраната на земјата“.

Маќедонци нагласи дека КБС останува професионална сила и дека резервниот модел ќе служи за зајакнување на одбранбените капацитети на Косово.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирското претседателство на ЕУ со приоритет на односите со САД
Европа бара нови платни системи за да ја намали зависноста од САД
ЕУ ја додава Иранската револуционерна гарда на листата на терористи, замрзнува средства
Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да бидат водени од добрососедството и конструктивната соработка
Лавров ја потврди поддршката за преговари во услови на тензии меѓу САД и Иран
Путин го назначи Сергеј Вершинин за нов руски амбасадор воТуркије
Трамп размислувал да си го додели Конгресниот медал на честа за посета на Ирак во 2018
Туркије може да помогне да се претворат климатските ветувања во акција на COP31
Германскиот министер за надворешни работи предупредува против тоа Европа да се оддалечи од САД
Фидан: Туркије е подготвена да придонесе за Газа „на секој можен начин“
Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа: Обновата на енклавата почнува во Рафах
Ердоган: Туркије ги неутрализира заканите на нивниот извор надвор од своите граници
Северна Кореја распоредува 50 нови лансери за нуклеарни ракети
Русија е подготвена да го прими збогатениот ураниум од Иран
Воена помош од Шведска за Украина вредна 1,4 милијарди долари