| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски во ОАЕ: Очекувам успешни средби коишто ќе ja зајакнaт економската соработка
Го поканив претседателот на ОАЕ и бизнис заедницата да ја посетат Македонија и да ги согледаат сите можности за директно инвестирање во туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделство, рече Мицксоки по средбата со шеикот Мухамед Бин Зајед
00:00
Мицкоски во ОАЕ: Очекувам успешни средби коишто ќе ja зајакнaт економската соработка
Ќе имаме средби со стопанските комори на Емиратите- Дубаи, Абу Даби, Шарџа- како и со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваат интерес да инвестираат во Македонија, вели Мицкоски / Others
14 април 2025

Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска се сретна претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.

„Од денес па до четврток, заедно со тим од Владата, заедно со тим од мојот кабинет, се наоѓаме во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во билатерална посета. Деновите коишто следат очекувам да бидат многу плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека денот го започнале со исклучително квалитетна и пријателска средба со Неговото височество, претседателот на ОАЕ.

„На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас, од моја страна, накратко ги образложив нашите цели како Влада, но истовремено, го поканив Неговото височество, претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството и така натаму- нешто што, убеден сум дека може да претставува солидна основа за наша билатерална и подлабока соработка“, рече Мицкоски.

Владината делегација во наредните денови ќе има средби со стопанските комори на Емиратите- Дубаи, Абу Даби, Шарџа- како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваат интерес да инвестираат во Македонија.

Повеќе
Хамас: Нема втора фаза од примирјето во Газа ако Израел продолжи со прекршувањата на договорот
Критики за Хилари Клинтон за негирање на геноцидот во Газа
Турската прва дама им оддаде почит на палестинските новинари убиени во Газа
Американската морнарица брзо ќе гради бродови со вештачка интелигенција
Бразилските пратеници го одобрија законот за скратување на 27-годишната затворска казна на Болсонаро
Демократите победија на изборите во Мајами по 30 години наспроти кандидатот на Трамп
Израел и Боливија ги обновија дипломатските односи по две години прекин поради војната во Газа
Американскиот амбасадор во Туркије очекува напредок во разговорите за Ф-35 наредните месеци
Захарова: Изјавата на Зеленски за изборите е врв на цинизмот
Туркије предупредува во ОН дека Газа е повик за будење за глобална превенција на геноцид
ДЗС: Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а цените на мало за три отстто
Министерство за здравство во Газа: Бројот на жртви од октомври 2023 се искачи на речиси 70.400
Зеленски е подготвен за избори во рок од 60 до 90 дена, бара безбедносни гаранции од САД и ЕУ
Вучиќ: ЕУ треба во исто време да ги прими сите земји од Западен Балкан како полноправни членки
Зеленски: Украина е подготвена на САД да им ги претстави чекорите за завршување на војната со Русија