Европската Унија го продолжи мандатот на својата поморска мисија „Аспидес“ во Црвеното Море, до 28 февруари 2027 година, објави денес блокот.
Во соопштение, Советот на ЕУ извести дека операцијата започната во февруари 2024 година, за заштита на правата за навигација, ќе продолжи уште две години.
Земјите членки се согласија да издвојат 15 милиони евра за покривање на заедничките трошоци на мисијата, за периодот од 1 март 2026 до 28 февруари 2027 година.
Мисијата беше воспоставена како одговор на зголемената загриженост за безбедноста, што влијае врз комерцијалниот поморски сообраќај во регионот.
Нејзиниот мандат вклучува заштита на бродовите и обезбедување сигурен премин низ клучните поморски коридори.
Мисијата „Аспидес“ дејствува во меѓународните води низ Црвеното Море и околните области, вклучувајќи ги протокот Баб ел-Мандеб и протокот Ормуз, кои се два од стратегиски најзначајните премини во светот во поглед на глобалната трговија.
Мисијата, со седиште во Лариса, е под команда на грчкиот контраадмирал Василиос Грипарис.
Официјални претставници на ЕУ велат дека целта на операцијата е да ги одврати нападите врз комерцијалниот поморски транспорт и да ја зајакне меѓународната поморска безбедност во регионот.


















