| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Европскиот Парламент: Одложено гласањето за ратификација на трговскиот договор со САД
Царините засновани на ИEEEAПA, кои Врховниот суд на САД ги поништи, а американската страна ги користеше за преговори, беа клучен инструмент за договорот со ЕУ и сега оваа правна основа не постои, рекоа од Комитетот за меѓународна трговија
Европскиот Парламент: Одложено гласањето за ратификација на трговскиот договор со САД
Kомитетот ќе ја преиспита ситуацијата следната недела / Reuters
пред 4 часа

Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент во понеделник одлучи да го одложи гласањето за ратификација на трговскиот договор со САД поради нови околности по одлуката на Врховниот суд на САД.

Комитетот требаше да гласа утре, но во понеделник претставниците на парламентарните групи, таканаречените известувачи во сенка одговорни за ратификацијата на договорот меѓу САД и ЕУ од јули минатата година, се состанаа и одлучија да го одложат гласањето до понатамошно известување.

„Известувачите во сенка, кои го претставуваат мнозинството членови, се согласија дека во сегашните околности, работата на двета досиеја за трговскиот договор треба да се одложи додека не се вратат јасноста, стабилноста и правната сигурност во трговските односи меѓу ЕУ и САД“, изјави претседателот на комитетот, германскиот социјалдемократ Бернд Ланге.

Ланге истакна дека пресудата на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави од 20 февруари 2026 година е јасна и недвосмислена, дека нејзините импликации не можат да се игнорираат и да продолжат како ништо да не се случило.

Врховниот суд пресуди дека американскиот претседател Доналд Трамп немал право да го користи Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби (ИEEAПA), кој му дава на претседателот овластување да ја регулира меѓународната трговија по прогласувањето национална вонредна состојба како одговор на каква било необична и вонредна закана за Соединетите Американски Држави.

Ланге наведува дека царините засновани на ИEEEAПA, кои американската страна ги користеше за преговори, беа клучен инструмент за договорот со ЕУ и дека сега оваа правна основа не постои.

„Ситуацијата сега е понеизвесна од кога било. Ова е спротивно на стабилноста и предвидливоста што се стремевме да ја постигнеме со трговскиот договор. Следствено, закажаното гласање во комисијата утре нема да се одржи како што беше планирано, а известувачите во сенка ќе ја преиспитаат ситуацијата следната недела“, рече Ланге.

По одлуката на Врховниот суд, Трамп во петокот прво објави глобална царина од 10 проценти за увоз во Соединетите Држави, пред да ја зголеми на 15 проценти во саботата.

Царини од 15 проценти ќе бидат воведени за увоз од Европската Унија во Соединетите Американски Држави, изјави претходно во понеделник висок функционер на Белата куќа.

„Основата за новата стапка е глобална царинска наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп по одлуката на Врховниот суд“, рече функционерот.

„Сепак, ова е само привремено бидејќи администрацијата ќе побара од други правни тела да спроведат посоодветни или претходно договорени царински стапки, рече Дотогаш, очекуваме сите земји да продолжат да се придржуваат кон своите обврски според трговските договори за намалување на трговските бариери и други отстапки, кои не се променети“, додаде тој.

Повеќе
Пакистан и Туркије ветуваат подлабока безбедносна соработка
Почнува велигденскиот пост
Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати
Уапсен Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер
Кина со апел до САД да ги укинат едностраните царини
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди кинескиот регион Синџијанг
САД би спровеле проширена воена операција во Иран ако пропаднат нуклеарните преговори
Автобус падна во река во Непал, загинаа најмалку 17 лица
Мексико повикува на смиреност по воената ликвидација на нарко шефот „Ел Менчо“
Кси му честита на севернокорејскиот лидер Ким за реизборот за лидер на владејачката партија
Амбасадата на Туркије и МАТУСИТЕБ организираа ифтарска програма во Штип
Трамп воведува дополнителни 10% царини, откако Врховниот суд му поништи широк спектар на тарифи
Зошто ќе биде тешко да се постигне нуклеарен договор со САД и Иран кои се држат до своите позиции
Притаена анексија? Израелските мерки на Западниот Брег ги тестираат црвените линии на САД
Шпигел: ЦИА знаела за плановите за напад врз Северен тек 2 од самиот почеток