| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Саудиска Арабија ги предводи напорите за избегнување на регионална нестабилност и заштита на протокот на пазарот на нафта, според извештаите на медиумите
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Аналитичарите сугерираат дека претпочитаниот исход за Заливот би биле домашни реформи во Иран, а не колапс на режимот / Reuters

Арапските држави од Персискиот Залив ги повикуваат САД да не започнуваат воен напад врз Иран, предупредувајќи дека таквата интервенција би можела да предизвика економска и политичка нестабилност низ целиот регион, објавија медиумите во вторник.

Саудиска Арабија, заедно со Оман и Катар, приватно лобирале кај администрацијата на претседателот Доналд Трамп, откако Белата куќа ги предупреди да се подготват за можна акција против Техеран, според „Волстрит џурнал“.

Иако овие земји јавно молчат додека Иран продолжува да се соочува со масовни протести, тие вршат притисок врз американските претставници зад сцената да ја преиспитаат одлуката.

Според функционери од арапските држави во Заливот, секој воен обид за соборување на режимот на Иран би можел сериозно да ги наруши глобалните испораки на нафта преку Ормутскиот теснец, кој е стратешки воден пат низ кој минува околу 20% од светските резерви на нафта.

Тие се плашат од домашен повратен удар, економски неуспеси и потенцијална одмазда доколку дејствуваат американските сили.

Саудиските власти наводно му кажале на Техеран дека нема да учествуваат во никаков конфликт ниту ќе им дозволат пристап во воздушниот простор на американците, со цел да се дистанцираат од директна конфронтација.

„Претседателот слуша мноштво мислења за кое било прашање, но на крајот ја донесува одлуката што ја смета за најдобра“, изјави функционер на Белата куќа.

Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука, но објави на социјалните мрежи во вторникот: „ПОМОШТА Е НА ПАТ“, повикувајќи ги иранските демонстранти да истраат.

Лидерите од Заливот се загрижени за непредвидливоста на Иран по евентуалното соборување на врновниот верски лидер Хамнеи, вклучувајќи ја и можноста моќта да се префрли на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) или да резултира со регионален хаос.

„Тие немаат љубов кон иранскиот режим“, рече поранешниот амбасадор на САД, Мајкл Ратни, „но исто така имаат голем страв од нестабилноста“.

Саудиска Арабија се фокусираше на својот план Визија 2030 за диверзификација на својата економија, сметајќи го регионалниот мир како суштински. Аналитичарите сугерираат дека претпочитаниот исход во Заливот би биле домашни реформи во Иран, а не колапс на режимот.

Иран е потресен од бранови протести од минатиот месец, почнувајќи од 28 декември во Големата чаршија во Техеран, поради наглото намалување на вредноста на иранскиот риал и влошувањето на економските услови. Демонстрациите подоцна се проширија во неколку други градови.

Владини претставници ги обвинија САД и Израел за поддршка на „немирите“ и „тероризмот“.

Нема официјални бројки за жртвите, но Новинската агенција за активисти за човекови права (ХРAНA), група за човекови права со седиште во САД, проценува дека бројот на жртви достигнал повеќе од 2.550, вклучувајќи ги безбедносните сили и демонстрантите, а над 1.134 се повредени.

ХРАНA, исто така, објави дека најмалку 10.721 лица се уапсени, а 18.434 лица се во притвор на 585 локации низ целата земја, вклучувајќи 187 градови во сите 31 провинции.

Повеќе
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа