Сенатот на САД го блокираше законот за ограничување на воените овластувања на Трамп. Кина изрази шок од најавите за ликвидации на ирански функционери. Трамп тврди дека Израел нема да напаѓа повторно освен ако Иран не возврати. Цените на гасот во ЕУ скокнаа на највисоко ниво по нападите врз Катар.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 19 март
Сенатот на САД го отфрли законот за ограничување на воените овластувања на Трамп
Американскиот Сенат вчера го отфрли законот за ограничување на можноста на американскиот претседател Доналд Трамп да води војна против Иран без одобрение од Конгресот. Законот, имаше за цел да ги ограничи нападите на Трамп врз Иран. Демократите го поднесоа законот, кој беше отфрлен со 53 гласа „против“ наспроти 47 „за“.
Кина шокирана од ликвидациите на иранските челници
Кинeските власти се „шокирани“ од изјавите на израелскиот министер за одбрана Израел Кац за таргетирање на ирански функционери. „Кина е шокирана од тие забелешки“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џијан, осврнувајќи се на изјавата на Кац дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ја овластил армијата да го елиминира било кој ирански челник без потреба од дополнително одобрение“.
Трамп: Израел нема да изврши никакви други напади врз полето Јужен Парс освен ако Иран не возврати
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Израел нема повторно да го нападне гасното поле Јужен Парс на Иран освен ако Техеран не возврати, предупредувајќи дека секој понатамошен напад врз инфраструктурата за течен природен гас (ЛНГ) на Катар ќе ги натера САД да го уништат целиот објект. Неговото тврдење се чинеше дека е во спротивност со претходните извештаи дека Вашингтон однапред знаел за нападот, но не учествувал во него.
Цените на природниот гас на рекордно ниво во ЕУ по најновите ирански напади
Цените на природниот гас во ЕУ достигнаа највисоко ниво од јануари 2023 година по нападите на Иран врз центарот за течен природен гас (ТПГ) во Катар во средата. Европските хартии од вредност за природен гас скокнаа за повеќе од 25% на околу 78 долари за мегават-час до 08:00 часот по средноевропско време, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните три години.
И за крај на денешниот блиц…
Речиси 4.000 повредени Израелци од почетокот на војната
Речиси 4.000 Израелци се повредени и примени на болнички третман од почетокот на војната со Иран на 28 февруари, соопшти израелското Министерство за здравство. Регистрирани се 3.924 повредени откако започна ескалацијата по иранските напади. Од нив 79 лица се уште се хоспитализирани. Во изминатите 24 часа, болниците примија двајца пациенти кои подлегнале на повредени, а 177 пациенти се повредени, вклучувајќи едно лице во сериозна состојба, 167 се со полесни повреди и седум лица се примени поради напади на анксиозност, соопшти Министерството.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
