| Macedonian
Дневни блиц вести 23.11.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневни блиц вести 23.11.2026
Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 23 ноември
 

Мицкоски и Рама го претставија новиот систем на гранично управување, а Кина не бара своја сфера на влијание

Слушате Дневни блиц вести, денес сме понеделник 23 ноември

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на заеднички настан со албанскиот премиер Еди Рама, го претставија воспоставувањето на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан меѓу двете земји, што ќе го олесни транспортот на патници и дополнително ќе ги поедностави движењето и врските.

Трамп ги обвини гласачите за падот на берзите и постапките на Иран

Претседателот на САД Доналд Трамп ги обвини гласачите дека не ги слушнале неговите предупредувања. По среднорочните избори одржани на 3 ноември според него, Иран станал „поагресивен“, а исто така посочи дека победата на демократите предизвикала значителен пад на берзите.

Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија

Украина потопи руска корвета, уништи воен хеликоптер и погоди товарен брод во поморска операција со беспилотни летала крај брегот на Либија, изјави украинскиот претседател Влaдимир Зеленски. Во нападот биле употребени седум дронови на украинските вооружени сили. 

ГТА 6 го сруши рекордот со заработка од 3,79 милијарди долари во првиот ден

Grand Theft Auto 6 заработи околу 3,79 милијарди долари во првиот ден, што ја прави најуспешната видео игра во историјата. Долгоочекуваното продолжение се смета за еден од најголемите глобални феномени во забавната индустрија, продавајќи над 30 милиони копии уште во периодот на преднарачка.

И за крај на денешниот блиц…

Кина не бара своја „сфера на влијание“ по самитот со САД и Русија

Кина нагласи дека не бара „сфера на влијание“, откако минатата недела беше домаќин на историскиот трилатерален самит на кинескиот, рускиот и американскиот претседател. Според Гуо Џиакун портпаролот на кинеското МНР, Пекинг се залага за градење на еднаков и уреден мултиполарен свет.

Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи

Слушни повеќе
Дневен блиц за 19.11.2026
Дневен блиц за 20.11.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците