12 февруари 2026
Научна и стручна конференција „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ“, се одржа на 10 февруари на Филозофскиот факултет во Скопје.
Триесет години по атентатот на првиот претседател на самостојна Македонија, Киро Глигоров, се бараат одговори на четири клучни прашања: кои беа причините и мотивите за атентатот, кои се можните нарачатели и извршители, дали можеше и зошто не беше превениран атентатот и зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања. Дел од учесниците на конференцијат сметаат дека мотивите се политички и дека целта била земјата да го смени правецот на „движење“.
