| Macedonian
Како „непостоечка“ локација стана топ туристичка атракција на Google Maps во Скопје
01:30
Регион
Како „непостоечка“ локација стана топ туристичка атракција на Google Maps во Скопје
Туристите во Скопје лесно може да ги најдат главните туристички атракции како Чаршијата, Калето, Водно, Матка за кои има многу информации, организирани тури и насоки.
21 февруари 2026

Исто така многу посетители се консултираат со апликацијата Google Maps каде во топ резултатите за туристички атракции се појавуваше „Напуштена зграда со графити“. 

За локалните жители тоа беше најпрво збунувачки бидејќи никој не би му текнало да однесе турист или странски гостин во руинираниот објект на некогашниот ресторан Езерце.

Локацијата најверојатно е „вештачки“ испромовирана како збирно место што доведе многу туристи во заблуда, а дел и со разочараност коментираа на Google Maps дека таму нема што да се види, и дека нема никаква туристичка атракција.

Сепак, овој простор неодамна беше расчистен од градските власти кои информираа дека планирано е целосно да се уреди оваа локација со нови соодветни содржини за сите посетители и туристи.

Повеќе видеа
Заборавените обичаи за Прочка во Скопје
Патување низ времето со колекцијата антиквитети на Марјан Христов
Мозоци, амбасади, „исклучителни девојки” - земјите од регионот во фајловите на Џефри Епстин
Дали ја препознаваме музкатата генерирана со вештачка интелегенција?
Дали содржините генерирани со ВИ се опасни за детскиот развој?
Три децении од атентатот врз Киро Глигоров: Се бараат одговори на четири клучни прашања
Како балканските артисти се изоставени од европскиот музички наратив?
Виктор Мазнев - Херојот од Велес кој спасил илјадници бездомни животни
Андреј Ѓурчиновски: Најмлад државен првак во македонскиот билијард
Ќе останат ли македонските работници со најниска минимална плата