Во првата епизода од серијалот „Мотиватори“ ја запознаваме приказната на Давид Неделковски, млад човек кој го напуштил брзиот живот во градот и се вратил во селото Раштак, каде што одгледува кози и создава домашни млечни производи. На неговата мала семејна фарма, животот тече во хармонија со природата.
Преку Давид ја откриваме убавината на руралниот живот, спокојот што се заслужува со труд, верба и љубов кон земјата. Тој докажува дека е можна егзистенција преку сточарството и одржливото производство, со свесен избор за поквалитетен и поавтентичен живот.
Серијалот Мотиватори ги претставува младите кои со својата креативност и упорност инспирираат - покажувајќи дека секоја визија, колку и да изгледа недостижна, може да се оствари со љубов, труд, посветеност и искреност.

