Во Кочани се одржаа комеморативни настани на едногодишнината од пожарот во „Пулс” во кој загинаа 63 луѓе на 16 март.
На жртвите им беше оддадена почит на централниот настан во Домот на културата во Паркот на револуцијата во Кочани каде пристидтвуваше и државниот врв, претседателката на држава Гордана Силјановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, и други гости.
63 празни столчиња беа симбол на изгубените животи, а отворен е и Меморијалниот простор „Недовршени соништа“ каде беа претставени лични предмети од загинатите.
Со солзи и прегратки за утеха, родителите на загинатите и нивните најблиски ги проследија читањата на имињата на жртвите и парче опис за тоа какви личности биле, пред да се случи најголемата трагедија во поновата македонска историја.
Комеморацијата беше заокружена и со спортски активности на кои им се оддаде почит на жртвите, а се собираа и средства за донации на повредените

02:06

02:06
Повеќе видеа
Една година од трагедијата во Кочани - Вечен спомен за 63 жртви
Во Кочани се одржаа комеморативни настани на едногодишнината од пожарот во „Пулс” во кој загинаа 63 луѓе на 16 март.
17 март 2026
Повеќе видеа