21 февруари 2026
Исто така многу посетители се консултираат со апликацијата Google Maps каде во топ резултатите за туристички атракции се појавуваше „Напуштена зграда со графити“.
За локалните жители тоа беше најпрво збунувачки бидејќи никој не би му текнало да однесе турист или странски гостин во руинираниот објект на некогашниот ресторан Езерце.
Локацијата најверојатно е „вештачки“ испромовирана како збирно место што доведе многу туристи во заблуда, а дел и со разочараност коментираа на Google Maps дека таму нема што да се види, и дека нема никаква туристичка атракција.
Сепак, овој простор неодамна беше расчистен од градските власти кои информираа дека планирано е целосно да се уреди оваа локација со нови соодветни содржини за сите посетители и туристи.
