Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џеј-Ди Венс, пристигна во Баку главниот град на Азербејџан во официјална посета, продолжувајќи ја дипломатската турнеја низ Јужен Кавказ.
Како што јави азербејџанската државна новинска агенција, АПА, авионот на Венс слетал на меѓународниот аеродром „Хајдар Алиев“.
Националните знамиња на двете земји се истакнати, а на аеродромот беше и почесната гарда за официјален пречек на високиот американски претставник.
Венс го пречека делегација предводена од заменик-премиерот на Азербејџан, Самир Шарифов.
Посетата следува по средбите на Венс во Ерменија во текот на вчерашниот ден. САД имаа постојана посредничка улога меѓу двете јужнокавкаски земји, олеснувајќи го процесот на помирување по војната во Нагорно-Карабах во 2020 година.
Тој конфликт резултираше со воена победа на Азербејџан и враќање на неговиот суверенитет над териториите што беа под контрола на етничките Ерменци од 1990-тите години.















