| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“ / TRT Balkan
пред 12 часа

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки, соопшти Министерството за внатрешни работи на РСМ.

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената - 4.674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) - 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци.

Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“.

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесат за посигурни и побезбедни патишта.

Повеќе
Најмалку тројца загинати во руските напади врз Одеса и Харков
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина
Опозицискиот лидер во Венецуела киднапиран неколку часа по ослободувањето од затвор
Во Иран приведени тројца политичари реформисти
Зеленски: Украина почнува да извезува одбранбени технологии во Европа
Лавров: Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена воено да одговори
Канбера: Посетата на израелскиот претседател е непочитување на правдата
Палестина ги критикува израелските одлуки за проширување на окупираните населби на Западниот Брег
Мексико испрати над 800 тони хуманитарна помош на Куба
Опозицискиот социјалист Сегуро е нов претседател на Португалија
Населението на Туркије во 2025 година надмина 86 милиони
Израелскиот претседател пристигна во Австралија под засилени безбедносни мерки
Јапонија: Премиерката Такаичи постигна историска изборна победа
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Пезешкијан: Разговорите меѓу Иран и САД се чекор напред