| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина
Грчката разузнавачка служба почнала да го следи полковниокот по дојавата на ЦИА, известуваат локалните медиуми
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина / AA Archive
пред 15 часа

Офицер од грчкото воено воздухопловство, уапсен поради сомнеж дека оддавал информации на главниот американски ривал, признал шпиунирање за Кина, јавија грчките медиуми.

54-годишниот полковник, кој служел во 128-та група за обука за телекомуникации и електроника во областа Кавури во близина на центарот на Атина, признал дека на Кина ѝ предал класифицирани информации, вклучително и материјал поврзан со НАТО, според јавниот радиодифузен сервис ЕРТ. Тој, исто така, го идентификувал својот кинески сигналист, кој е во Кина, соопшти радиодифузерот.

ЕРТ објави дека грчката разузнавачка служба, EYP, почнала да го следи полковникот откако била известена за неговите активности од страна на американските разузнавачки служби. Службеникот имал пристап до чувствителни информации што се однесуваат и на Грција и на НАТО, се додава во извештајот.

EYP, работејќи во координација со военото разузнавање, го уапси полковникот во четврток додека се подготвувал да испрати нова серија информации во Кина, се вели во извештајот.

Според јавниот сервис, полковникот, експерт за електроника и комуникации, можеби нанел сериозна штета по безбедноста на Грција и НАТО.

Останува нејасно дали Кина споделила информации кои ги добила со другите страни, се додава во извештајот.

Повеќе
Најмалку тројца загинати во руските напади врз Одеса и Харков
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина
Опозицискиот лидер во Венецуела киднапиран неколку часа по ослободувањето од затвор
Во Иран приведени тројца политичари реформисти
Зеленски: Украина почнува да извезува одбранбени технологии во Европа
Лавров: Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена воено да одговори
Канбера: Посетата на израелскиот претседател е непочитување на правдата
Палестина ги критикува израелските одлуки за проширување на окупираните населби на Западниот Брег
Мексико испрати над 800 тони хуманитарна помош на Куба
Опозицискиот социјалист Сегуро е нов претседател на Португалија
Населението на Туркије во 2025 година надмина 86 милиони
Израелскиот претседател пристигна во Австралија под засилени безбедносни мерки
Јапонија: Премиерката Такаичи постигна историска изборна победа
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Пезешкијан: Разговорите меѓу Иран и САД се чекор напред