| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
„Ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11 000 вработени“, истакна премиерот Мицкоски.
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година / Влада на РСМ
пред 18 часа

Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година, рече премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната средба со репрезентативните синдикати во Владата.

„Ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11 000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги воспоставува договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година. Претходно имаме вакви договори и со вработените во образованието и со вработените во здравството и во останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи, ние како Влада, како најголем работодавач, практично ги имаме регулирано нашите односи со нашите колеги во рамките на институциите. Ова е историски момент, бидејќи досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите и нивно усогласување за да дојдеме до некое достоинствено ниво“, истакна Мицкоски.

Ова се, напомена премиерот, тие храбри чекори што ги прави Владата.

„Ова се тие храбри чекори што ги прави Владата дури и во услови на светски и домашни предизвици што секако влијаат на економијата, со домаќинско, зрело, одговорно работење и работење со државната каса, на што можеме тоа се да го исполниме како држава еве постигнуваме договор и тој договор понатаму треба да се операционализира преку индивидуални договори, а тоа што го споменаа и двајцата претседатели, а ние како Влада го повторуваме веќе подолго време е дека Општиот колективен договор е истечен, иако таму во завршните преодни одредби стои дека тој останува во сила сè додека не се донесе нов. Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година се разбира очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати во случајов ССМ и КСС да седнеме и да испреговараме еден нов општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците, но ќе ја има и Влада и цениме дека една ваква вин-вин комбинација, односно двете страни да добијат, а најмногу граѓаните и најмногу државата се разбира можеме да го направиме со едно зрело работење и со една доверба што мислам полека, но сигурно со одредени структури во синдикатите. Не велам со сите, но со одредени структури во синдикатите ние како Влада ја имаме и градиме, бидејќи има структури што за жал никако да излезат од политичките прегратки на одредени политички партии“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека по долго време, преку конструктивен разговор, изминатава недела се постигна заедничко решение.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Најмалку тројца загинати во руските напади врз Одеса и Харков
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина
Опозицискиот лидер во Венецуела киднапиран неколку часа по ослободувањето од затвор
Во Иран приведени тројца политичари реформисти
Зеленски: Украина почнува да извезува одбранбени технологии во Европа
Лавров: Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена воено да одговори
Канбера: Посетата на израелскиот претседател е непочитување на правдата
Палестина ги критикува израелските одлуки за проширување на окупираните населби на Западниот Брег
Мексико испрати над 800 тони хуманитарна помош на Куба
Опозицискиот социјалист Сегуро е нов претседател на Португалија
Населението на Туркије во 2025 година надмина 86 милиони
Израелскиот претседател пристигна во Австралија под засилени безбедносни мерки
Јапонија: Премиерката Такаичи постигна историска изборна победа
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Пезешкијан: Разговорите меѓу Иран и САД се чекор напред