| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Најмалку тројца загинати во руските напади врз Одеса и Харков
Десетгодишно дете и неговата мајка загинале во напад врз станбена област во градот Боходухив во источниот Харковски регион, а уште шест лица биле повредени, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител
Најмалку тројца загинати во руските напади врз Одеса и Харков
Русија продолжи да ја бомбардира Украина, иако учествува во преговорите поддржани од САД за ставање крај на војната / AA
пред 15 часа

Во руските напади со беспилотни летала во текот на ноќта биле убиени најмалку три лица во источна и јужна Украина, вклучувајќи мајка и нејзиниот 10-годишен син, соопштија регионалните власти и обвинителите.

Детето и неговата мајка биле убиени во напад врз станбена област во градот Боходухив во источниот Харковски регион, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител. Шест лица се повредени во нападот врз регионот, честа цел на напади во речиси четиригодишната војна што започна со руската инвазија во 2012 година, додаде канцеларијата на регионалниот обвинител.

Во „масовен“ руски напад со беспилотни летала врз јужниот пристанишен град Одеса загина едно лице, а други две беа повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер. Исто така, беа оштетени станбената инфраструктура и гасовод, додаде Кипер на апликацијата за пораки Телеграм.

Девет лица, вклучувајќи едно 13-годишно девојче, биле повредени во напад со беспилотно летало во југоисточниот Дњепропетровски регион, изјави гувернерот Олександр Ханжа. Нападот предизвикал пожар во трикатната зграда, при што бил уништен покривот, додаде тој.

Цел на напади во неделата попладне и вечерта беше и главниот град Киев, брз кој Русија истрела неколку балистички ракети.

Русија продолжи да ја бомбардира Украина додека се вклучува во разговори поддржани од САД за ставање крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Иако Вашингтон сака да го види крајот на војната до средината на годината, Киев и Москва остануваат во несогласувања околу територијалните поделби, при што Русија се залага за целосна контрола врз источниот регион Донецк во Украина како дел од каков било договор.

Повеќе
Најмалку тројца загинати во руските напади врз Одеса и Харков
Уапсениот офицер од грчкото воено воздухопловство призна дека шпиунирал за Кина
Опозицискиот лидер во Венецуела киднапиран неколку часа по ослободувањето од затвор
Во Иран приведени тројца политичари реформисти
Зеленски: Украина почнува да извезува одбранбени технологии во Европа
Лавров: Русија нема намера да ја нападне Европа, но е подготвена воено да одговори
Канбера: Посетата на израелскиот претседател е непочитување на правдата
Палестина ги критикува израелските одлуки за проширување на окупираните населби на Западниот Брег
Мексико испрати над 800 тони хуманитарна помош на Куба
Опозицискиот социјалист Сегуро е нов претседател на Португалија
Населението на Туркије во 2025 година надмина 86 милиони
Израелскиот претседател пристигна во Австралија под засилени безбедносни мерки
Јапонија: Премиерката Такаичи постигна историска изборна победа
Мицкоски: Околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Пезешкијан: Разговорите меѓу Иран и САД се чекор напред