5 мај- Денот на македонскиот јазик
РЕГИОН
2 мин читање
5 мај- Денот на македонскиот јазик80 години од кодификацијата на македонскиот јазик: Јазикот како куќа на народот
00:00
5. мај - Денот на македонскиот јазик / AA
5 мај 2025

Денес, 5 мај, се одбележуваат 80 години од кодификацијата на современиот македонски јазик — еден од најмладите кодифицирани јазици во Европа. Овој датум, кој се смета за официјален почеток на јазичната стандардизација, има огромно значење за културниот и националниот идентитет на македонскиот народ.

„Јазикот е куќа на народот. Без јазик, постоењето на еден народ е незамисливо“, вели писателот, поет и професор Тихомир Јанчовски во разговор за ТРТ Балкан.

Тој потсетува дека токму во 1945 година, на денешен ден, македонскиот јазик ја добил својата официјална јазична норма, според која се развива и функционира до денес.

„Во ера на глобализација и дигитализација, чувањето на јазикот не е нешто што може да се регулира со закон. Тоа е прашање на лична свест. Јазикот е едно од главните идентитетски прашања,“ подвлекува Јанчовски.

Осврнувајќи се на историските основи на македонската јазична политика, Јанчовски го истакнува придонесот на Крсте Петков Мисирков и Блаже Конески во оформувањето на стандардниот македонски јазик. Според него, принципот што го застапувале тие е дека литературниот јазик треба да се збогатува со зборови од сите македонски дијалекти.

„Дијалектизмите не треба да се избегнуваат — токму тие му даваат богатство на јазикот,“ вели тој. „Конески се залагал за употреба на централните говори, затоа што тие се најдалеку од влијанијата на соседните словенски јазици.“

Јанчовски нагласува дека јазикот се одржува преку секојдневна активна употреба — преку зборување, пишување и читање.

„Човек кој нема сериозен однос кон својот јазик е како ветрушка. Не може да го сака ако не го познава добро. Мајчиниот јазик треба да ни биде најмил, најубав, најдобар — и најдобро да го знаеме.“

По повод 80-годишнината, многу институции во земјава организираат настани и манифестации за да се потсети на значењето на јазикот како столб на националниот идентитет, но и како жива материја која се менува и се збогатува преку секојдневна употреба.

Македонскиот јазик, освен што е културно наследство, е и жива врска со минатото и иднината на македонскиот народ.


Повеќе
САД, Русија и Кина се судрија во Советот за безбедност на ОН околу нуклеарната програма на Иран
Ердоган: Туркије спроведува интензивна дипломатија за да ја спречи спиралата на насилство
Оружен напад во синагога во Мичиген, застрелан еден осомничен
САД ги обвинија Кина и Русија дека го блокираат Комитетот за санкции за да го заштитат Иран
Трамп: Иранските фудбалери се добредојдени на светското првенство, но можеби нема да бидат безбедни
Холандија и Исланд се приклучија кон тужбата за геноцид против Израел пред МСП
Хамнеи за првпат се обрати на јавноста: Храбрите воини на Иран ја спречија предноста на непријателот
МАТТО организираше ифтарска програма во Скопје
Фидан: Анкара е целосно против секаков план за предизвикување граѓанска војна во Иран
Иран предупредува дека нападите на САД врз неговите острови ќе „ги прекршат сите ограничувања“
Гаши: Сеќавањето на изгубените животи во Кочани е повик за поголема одговорност, правда и совест
Туркије: Грција ги крши договорите со кршење на демилитаризираниот статус на островите
Германците ги преплавија полските гранични градови за поевтино гориво
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари