| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Колку често се користи интернет во Западен Балкан?
Расте бројот на дневни корисници на интернет во земјите од регионот благодарение на пробивот на широкораспространетиот интернет и пристапот до нови технологии кои се приближуваат до просекот на ЕУ
Колку често се користи интернет во Западен Балкан?
За десет години бројот на дневни корисници на интернет во регионот се зголемил двојно / Фото: TRT Balkan / TRT Balkan

Во сите шест земји од Западен Балкан во последните десетина година има голем раст на бројот на корисници на интернет, особено во категоријата на корисници кои секојдневно се закачуваат на глобалната мрежа.

Во првите години од минатата деценија, бројот на дневни корисници на интернет во земјите од регионот се движел од 25 до 40%, па така до 2022 година има повеќе од двојно нови дневни корисници и пристап до широкораспространет интернет.

Македонските корисници дневно се приклучуваат на интернет многу често, односно според анкетата тоа го прават 80.5% од граѓаните на возраст меѓу 16 и 74 години, а исто така во последните три месеци барем еднаш на интернет се приклучиле 86.4% од корисниците.

Најмногу дневни корисници на интернет има во Косово, и тоа 92.% од граѓаните меѓу 16-74 години секој ден користат интернет услуги. Косово е и над просекот во Европската Унија кога е во прашање оваа категорија. На ниво на земји членки на ЕУ дневно 84% од граѓаните користат интернет.

Во Косово 95.6 од оваа категорија на корисници се поврзале на интернет во последните три месеци, што повторно е над европскиот просек од 90%.

Високо котираат и српските корисници на интернет. Србија е и земјата со најголем раст во последните години со бројот на нови корисници кои дневно имаат пристап до интернет услуги (81.5%). Исто така во Србија најмалку еднаш во последните три месеци на интернет се приклучиле 83.5 од граѓаните.

Црна Гора бележи одлични резултати во пробивот на интернет пристапот. 85% од граѓаните на возраст од 16 до 74 години на дневна основа се поврзани на интернет, а 88.2% од граѓаните најмалку еднаш се приклучиле во киберпросторот во последните три месеци. Податоците на Евростат покажуваат дека во Албанија 72,8 отсто од граѓаните се приклучуваат на интернет на дневно ниво. Најмалку дневни корисници на дневно ниво според европската агенција за статистика има Босна и Херцеговина, односно 71,4% од граѓаните.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
„Санофи“ ќе го купи „Инсмед“ за 41 милијарда долари
Враќањето на Хуанг ги крена акциите на Нвидиа и му донесе до 15 милиони долари на Трамп
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
11 загинати во судир меѓу автобус и камион во Рас Ал Каима, Обединети Арапски Емирати
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Шефот на ОН ја одбележа 10-годишнината од мировниот договор во Колумбија
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Тројца Палестинци загинаа во израелски напад со дрон во Газа
Ердоган ја потврди посветеноста кон „Туркије без тероризам“ и независна одбранбена индустрија
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата