| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривечн суд
Премиерката Такаичи рече дека Јапонија, најголемиот финансиски придонесувач на МКС, одлучила да го плати својот целосен проценет придонес за 2027 година до крајот на оваа година
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривечн суд
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривечн суд / AP (Wire)
 

Јапонската премиерка Санае Такаичи ја потврди поддршката на Токио за Меѓународниот кривичен суд (МКС) за време на состанокот со Томоко Акане претседателката на судот во јапонската претстолнина.

Акане, која инаку е јапонска државјанка, побара од Такаичи пред предвиденото да го плати проценетиот придонес на Јапонија во МКС за 2027 година, наведувајќи ги моменталните околности со кои се соочува судот, се вели во соопштението.

Премиерката Такаичи рече дека Јапонија, најголемиот финансиски придонесувач на МКС, одлучила да го плати својот целосен проценет придонес за 2027 година до крајот на оваа година.

Јапонија „силно ќе го поддржи МКС за да може да ја исполни својата предвидена улога и функции во почитувањето на владеењето на правото“, рече Такаичи.

Администрацијата на Трамп воведе санкции врз самиот МКС на 9 октомври, по претходните санкции насочени кон неговите судии и обвинители, вклучувајќи ја и Акане.

Акане, 70, е од јапонската префектура Аичи. Таа стана судијка на МКС на 11 март 2018 година, со деветгодишен мандат, а беше избрана за претседателка на судот во март 2024 година.

Вашингтон се спротивстави на истрагите на МКС во кои е вклучен американски воен персонал.

Притисокот на САД врз МКС доаѓа во време кога судот издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Судот со седиште во Хаг истражува и гони геноцид, воени злосторства, злосторства против човештвото и кривично дело агресија кога националните власти не се подготвени или не се во можност навистина да спроведат постапки.

САД не се членка на МКС. Јапонија, голем финансиски придонесувач во судот, ја одржува својата поддршка за институцијата и покрај нејзиниот близок безбедносен сојуз со Вашингтон.

Повеќе
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни
Украина: 11 загинати во напад врз станбена зграда во Киевската Област
Израелската армија изврши упад во палестински бегалски камп во Западен Брег
Во украински напад со дронови потопена руска корвета крај брегот на Либија
15 повредени во пожар во болница во Берлин
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Ревизија на зелените карти во САД: Какви промени има за работодавците и странските работници?
Соседи без врата: Туркије и Ерменија размислуваат што би донела отворената граница
Колку мините во Ормускиот Теснец реално претставуваат закана за пловидбата?
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ