Пожар што избувна во болничка соба во болница во берлинската населба Лихтенберг во неделата навечер, повреди 15 лица, соопшти градската противпожарна служба, при што едно лице се наоѓа во критична состојба.
Според надлежните, пожарот започнал на првиот кат од еден дел на болничкиот комплекс. Чадот брзо се проширил низ другите делови на зградата, што наложило целосна евакуација, додека екипите интервенирале за гаснење на пламените јазици и пребарување на просториите.
„Едно лице со повреди опасни по живот и едно лице со сериозни повреди беа пренесени во други болници под итна медицинска придружба“, се наведува во соопштението на берлинската противпожарна служба. „Уште 13 лица се здобиле со полесни повреди и им била укажана медицинска помош на самото место.“
Откако го изгаснаа пожарот и ја проветрија зградата, пожарникарите го предадоа местото на полицијата, која започна истрага за причините за избувнување на пожарот.
Засега нема дополнителни детали за потеклото на пожарот.














