| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Таа нагласи дека кога станува збор за правото на живот на децата, не треба тие да го креваат гласот за да бидат слушнати, туку возрасните кои имаат обврска да го штитат тоа право
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа / АА
 

Првата дама на Република Туркије, Емине Ердоган, повика на обединување на напорите за ставање крај на неправдите врз децата, особено во подрачјата зафатени со војни и конфликти, по повод Светскиот ден на детските права.

Емине Ердоган истакна дека човештвото им должи поправеден свет на децата во воените и конфликтните подрачја.

„Тие заслужуваат иднина во која безбедно ќе си играат со своите другарчиња, без страв ќе се будат следниот ден и ќе сонуваат за иднината... Во Газа, децата не успеваат да живеат доволно долго за да ги доживеат овие радости“, се наведува во нејзината порака.

Таа нагласи дека кога станува збор за правото на живот на децата, не треба тие да го креваат гласот за да бидат слушнати, туку возрасните кои имаат обврска да го штитат тоа право.

„Почнувајќи од Газа, секаде каде што животот на едно дете е во опасност и секаде каде што му се одзема детството, мора да ги обединиме нашите сили за да ставиме крај на таа неправда. Посакувам 20 Ноември, Светскиот ден на детските права, да го означи почетокот на деновите во кои секое дете ќе живее во безбедност и мир“, порача Ердоган.

Повеќе
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Зеленски: Членството во НАТО е најдобра гаранција за безбедноста на Украина и Европа
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“