| Macedonian
РЕГИОН
4 мин читање
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
764 е насилна онлајн заедница чија цел се деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија, соопшти МВР од каде велат сомнителни случаи да се пријават на cybercrime@moi.gov.mk
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Предаторите ги користат платформите Дискорд, Телеграм, Роблокс, Инстаграм, ТикТок, Снепчет, Редит , X , Mајнкрафт и Фортнајт / Others
 

Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“- насилна онлајн заедница чии членови бараат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија.

„За сериозноста на оваа појава предупредуваат и меѓународните безбедносни институции, меѓу кои и Федералното истражно биро на САД (ФБИ), кое групата „764“ ја поврзува со пошироки нихилистички насилни екстремистички заедници и сродни групи. Апелот има превентивна цел- навремено информирање на јавноста за начините на дејствување на ваквите групи, ризиците со кои се соочуваат децата и можностите за нивна заштита“, соопштија од МВР.

Како функционира групата „764“?

Групата „764“ дејствува преку различни социјални мрежи, апликации за комуникација и платформи за онлајн игри. За воспоставување контакт со потенцијалните жртви, нејзините членови користат платформи како Дискорд (Discord), Телеграм (Telegram), Роблокс (Roblox), Инстаграм (Instagram), ТикТок (TikTok), Снепчет (Snapchat), Редит (Reddit), X (поранешен Twitter), Mајнкрафт (Мinecraft) и Фортнајт (Fortnite).

„Најчесто, контактот со децата и младите го воспоставуваат претставувајќи се како нивни врсници или како лица заинтересирани за пријателски или емотивен однос. Откако ќе ја стекнат нивната доверба, започнуваат со манипулации, закани и уцени, со цел да ги принудат да споделуваат интимни фотографии и видеоснимки, да се самоповредуваат, да вршат насилство врз други лица или животни, па дури и да преземаат дејствија кои можат да имаат животозагрозувачки последици. Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите“, велат од МВР.

На кои знаци треба да внимаваат родителите?

МВР апелира родителите и старателите да обрнат особено внимание на евентуални промени во однесувањето на децата, како што се:

* Ненадејни промени во однесувањето, повлекување во себе, страв, вознемиреност или раздразливост;

* Зголемена таинственост при користењето на мобилниот телефон или компјутерот;

* Интензивна комуникација со непознати лица преку социјалните мрежи и платформите за онлајн игри;

* Примање заканувачки пораки, уцени или барања за испраќање фотографии и видеоснимки;

* Необјаснети повреди, исеченици, гребнатини или други можни знаци на самоповредување;

* Изразување безнадежност или разговори за смрт и самоубиство.

„Овие промени не мора да значат дека детето е жртва на ваква група, но доколку се забележат, важно е да не се игнорираат. Потребни се внимателен пристап, отворен разговор со детето и, доколку постои сомнеж за злоупотреба, навремена реакција“, предупредуваат од МВР.

Како да ги заштитиме децата?

Родителите треба редовно да разговараат со децата за нивните активности на интернет, да покажуваат интерес за тоа со кого комуницираат и какви содржини следат, како и да ги едуцираат за ризиците од споделување лични податоци, лозинки, интимни фотографии и видеоснимки со непознати лица.

„Особено е важно децата да знаат дека доколку некој ги уценува, заплашува или манипулира со нив, треба веднаш да побараат помош од родителите, старателите, наставниците или надлежните институции. Тие не треба да се чувствуваат виновни или да се плашат да пријават, без оглед на околностите. Доколку имате сознанија, информации или сомнеж за активности поврзани со групата „764“ или други слични насилни онлајн групи, пријавете ги до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, на електронската адреса:cybercrime@moi.gov.mk. Ако располагате со информации што можат да помогнат во постапувањето, зачувајте ги пораките, корисничките имиња, линковите и другите релевантни податоци“, велат од МВР.

Од министерството предупредуваат да не се влегува во конфронтација со лицата кои упатуваат закани и да се не преземаат чекори со кои би можеле дополнително да се загрози безбедноста на детето.

„Не преземајте и не препраќајте експлицитни материјали во кои се прикажани малолетници. Заштитата на децата од онлајн злоупотреба е заедничка одговорност. Навременото препознавање на опасноста, отворениот разговор со децата и пријавувањето на сомнителните активности можат да спречат сериозни последици и да спасат животи. Бидете внимателни, разговарајте со децата и пријавете ја секоја сомнителна активност!“, апелираат од МВР.

Повеќе
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31