| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Мер: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
„Претстојните зимски месеци повторно ќе претставуваат многу тежок тест за Украина, можеби и најголемиот предизвик во целата оваа војна“, рече Мерц на 9-тиот Германско-украински економски форум во Берлин
Мер: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Мер: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната / AP (Wire)
 

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Украина се соочува со најтешката зима од почетокот на војната, бидејќи Русија ги засилува нападите насочени врз нејзината енергетска инфраструктура.

„Претстојните зимски месеци повторно ќе претставуваат многу тежок тест за Украина, можеби и најголемиот предизвик во целата оваа војна“, рече Мерц на 9-тиот Германско-украински економски форум во Берлин.

Тој ја обвини Русија дека намерно ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура, електраните и електричната мрежа, со цел да го принуди Киев на капитулација.

„Со оваа тактика се соочивме уште минатата зима. Сега станува збор за повторен и овојпат, многу побрутален обид да се исцрпи украинското население и да се принуди на потчинување“, рече канцеларот.

Мерц вети дека Германија и нејзините партнери ќе ја зголемат поддршката за Украина, во согласност со договорот постигнат за време на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, одржан во Берлин.

„И оваа година нема да дозволиме народот на Украина сам да се соочи со студените и сурови зимски месеци“, нагласи Мерц.

„Напротив, дополнително ќе ја засилиме нашата поддршка – во областите на одбраната, хуманитарната помош и економската помош“, додаде тој.

Овие изјави беа дадени на економски форум на високо ниво во Берлин, на кој присуствуваа речиси 500 учесници, меѓу кои и украинскиот премиер Серхиј Корецки и други високи претставници од двете влади, како и германски и украински деловни лидери и претставници на корпорации.

Повеќе
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Зеленски: Членството во НАТО е најдобра гаранција за безбедноста на Украина и Европа
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
Кибернапад врз Европската комисија
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија