Министерот за здравство, Сашо Клековски, и ректорот на Универзитетот Тракија од Едрене, Мустафа Хатиплер, потпишаа петгодишен протокол за соработка во областа на здравството, кој предвидува обука и стручно усовршување на македонските здравствени работници во Туркије.
Протоколот е потпишан во рамки на проектот „Мостови на братството“, што Универзитетот Тракија го спроведува со поддршка на Министерството за здравство на Туркије.
Северна Македонија е третата земја вклучена во проектот, по Косово и Бугарија.
Соработката предвидува стручни престои и практична обука на здравствените работници на Медицинскиот факултет и во Универзитетската болница во Едрене, размена на знаења и клинички искуства, како и заеднички научни истражувања.
Таа ги опфаќа и стоматологијата, фармацијата и здравствените науки.
Протоколот претставува продолжение на Меморандумот за разбирање во областа на здравството, потпишан во октомври во Истанбул од министрите за здравство на двете земји, при што стручната размена и специјалистичката едукација беа утврдени како приоритетни области.
„Со овој протокол нашите здравствени работници добиваат место каде ќе се доусовршуваат, а знаењето што ќе го донесат останува тука“, изјави министерот Клековски.













