Израелските сили извршија рација во бегалскиот камп Ал-Амари во градот Ал-Бирех на Западниот Брег, при што упаднаа во палестински домови и започнаа голема кампања за апсење, соопштија локални извори.
Aрмијата испратила воено засилување во кампот и распоредила сили низ неколку населби.
Израелските војници извршија рации во палестински домови и приведоа голем број млади мажи, додека детскиот центар во кампот го претворија во место за испрашување на притворениците.
Откако Израел ја започна својата геноцидна војна врз Газа во октомври 2023 година, израелската армија и нелегалните доселеници ги засилија нападите врз Палестинците и нивниот имот низ окупираниот Западен Брег.
Нападите вклучуваат убиства, уривање на домови и објекти, палење на џамии и возила, булдожерско рушење на земјоделско земјиште, спречување на земјоделците да стигнат до своите полиња, раселување на палестинските заедници и проширување на нелегалните населби.













