| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Според Мицкоски, „One Stop Shop“ ќе има позитивно влијание и врз развојот на туризмот и искористувањето на туристичкиот потенцијал на двете земји, посебно во охридско-струшкиот регион и албанското крајбрежје.
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија / Other
 

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на заедничкиот настан со албанскиот премиер Еди Рама, по повод воспоставувањето на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин меѓу двете земји, истакна дека новиот начин на гранично функционирање ќе го олесни транспортот на патници и дополнително ќе ги зајакне врските меѓу граѓаните.

Мицкоски посочи дека неколку милиони патници годишно поминуваат низ овој граничен премин, оценувајќи дека новиот систем ќе придонесе за побрзо и поедноставно движење меѓу двете соседни земји.

Тој изрази очекување ваквиот модел на соработка да биде воспоставен и на другите гранични премини со Албанија, со цел дополнително поврзување на граѓаните од двете страни на границата.

Според Мицкоски, „One Stop Shop“ ќе има позитивно влијание и врз развојот на туризмот и искористувањето на туристичкиот потенцијал на двете земји, посебно во охридско-струшкиот регион и албанското крајбрежје.

На почетокот на обраќањето, премиерот им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на припадниците на албанската заедница, нагласувајќи дека празникот има значење и за мултиетничкиот карактер на државата и придонесува за општествената кохезија.

Мицкоски упати благодарност до министерот за внатрешни работи, членовите на Владата, вработените во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и сите институции вклучени во реализацијата на проектот.

Посебна благодарност упати до албанскиот премиер Еди Рама за неговата лична поддршка во реализацијата на проектот. 

Албанскиот премиер Рама рече дека новиот начин на функционирање ќе значи поедноставување на граничните процедури и поголема доверба меѓу двете земји.Рама, обраќајќи се на настанот, направи споредба со досегашниот начин на контрола на границата, посочувајќи дека новиот систем треба да донесе поинаков пристап.

„Ние имаме еден израз на албански јазик, не знам дали вие го имате на македонски: верувај, но и контролирај. Досега на овој граничен премин бевме контролирај, контролирај, но сега ќе бидеме верувај и контролирај“, рече Рама.

Тој нагласи дека воспоставувањето на овој систем е уште еден чекор во соработката меѓу двете соседни земји и кон нивното приближување до Европската Унија.

Албанскиот премиер се осврна и на заедничките инфраструктурни проекти, посебно на Коридорот 8, оценувајќи дека тој претставува значаен проект не само на патот кон ЕУ и за НАТО, туку и за поврзувањето и заедничката соработка меѓу двете држави.

Рама упати благодарност до сите институции и вработени кои придонеле за реализацијата на проектот „One Stop Shop“, додавајќи дека истиот модел треба да се примени и на другите гранични премини.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
350 палестински деца во израелските затвори соочени со тортура и глад
Мерц: Оваа зима за Украина ќе биде најтешка од почетокот на војната
Емине Ердоган повика на глобална заштита на правата на децата со фокус на Газа
Илјадници луѓе протестираат низ цела Италија поради платите и јавните услуги
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
Германските индустриски работници започнаа први целодневни предупредувачки штрајкови по осум години
Турскиот брод Оруч Реис пристигна во Пакистан за да започне сеизмички истражувања
Русија ги отфрла безбедносните гаранции за Украина по примерот на НАТО
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите