| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
Доколку ја прифати поканата, учеството на самитот би претставувало прво меѓународно појавување на Александар Чупиќ и прво претставување на Србија на највисоко меѓународно ниво откако „Студентската листа“ победи на изборитe
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ
Александар Чупиќ доби покана да ја претставува Србија на Самитот со ЕУ / Anadolu Agency (Wire)
 

Александар Чупиќ, претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Република Србија, е поканет на самитот Европска Унија – Западен Балкан, кој ќе се одржи во среда, 25 ноември, во Брисел.

Доколку ја прифати поканата, учеството на самитот би претставувало прво меѓународно појавување на Александар Чупиќ во неговата нова улога, како и прво претставување на Србија на највисоко меѓународно ниво откако „Студентската листа“ победи на изборите на 25 октомври.

Поканата до Чупиќ денеска ја упати претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Во писмото се наведува дека самитот ќе послужи како можност за дискусија за клучните прашања поврзани со соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, напредокот на регионот кон членство во ЕУ, можностите за постепена интеграција, како и за геополитичката ситуација и безбедносната соработка.

На дневен ред ќе биде и разгледувањето на отворените регионални прашања, како што е дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Самитот ќе се одржи во „институционален формат“, што значи дека ЕУ ќе биде претставена од претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, без учество на лидерите на земјите-членки.

Се очекува да биде усвоена заедничка декларација; текстот прво се усогласува меѓу земјите-членки на ЕУ, по што земјите од Западен Балкан се поканети да се приклучат кон неа.

Претходниот самит ЕУ – Западен Балкан се одржа во јуни оваа година во Тиват, со учество на лидери од ЕУ и од земјите во регионот.

На последниот самит одржан во Брисел во декември 2025 година, тогашниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, не учествуваше, како знак на незадоволство од одлуката на ЕУ да не го отвори Кластерот 3 во преговорите за пристапување со Србија.

Повеќе
Пораз на Ликуд на Нетанјаху: Избран нов претседател на Кнесетот од редовите на опозицијата
Во Полска се урнала руска крстосувачка ракета
Најмалку петмина загинати во масовен руски ракетен напад врз Украина
Апел од децата во Газа до светот за Светскиот ден на детето: „Не заборавајте нè“
Иран ги отфрли тврдењата на Трамп дека Техеран развива биолошко оружје
Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина
ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите
Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев
Калифорниската адвокатска комора го истражува адвокатскиот статус на поранешната портпаролка
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Лидерите на АПЕК повикуваат на посилна поврзаност, помалку трговски бариери на самитот во Кина
Циклонот Акван стигна до индискиот брег
Зеленски: Членството во НАТО е најдобра гаранција за безбедноста на Украина и Европа
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили