| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
Бројот на погодени деца нагло порасна на Блискиот Исток – особено во Палестина, Либан и Јемен – зголемувајќи се од приближно 52 милиони во 2024 година на 67 милиони во 2025 година.
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири
„Спасете ги децата“: Секое четврто дете во светот живее на подрачје на судири / َAA
 

Речиси секое четврто дете во свето живее на подрачје на војна или судир, што е рекордно ниво, се наведува во извештајот на организацијата „„Спасете ги децата“ (Save the children), пренесе МИА.

Според извештајот насловен „Стоп за војната против децата“ (Stop the War on Children), минатата година околу 589 милиони деца во светот живееле во зони на конфликт.

Дури 44 отсто од овие деца се наоѓаат во Африка, а уделот на деца од тој континент кои живеат во конфликтни подрачја е повеќе од тројно зголемен во периодот од 2010 година до минатата година.

Бројот на погодени деца, исто така, нагло порасна на Блискиот Исток – особено во Палестина, Либан и Јемен – зголемувајќи се од приближно 52 милиони во 2024 година на 67 милиони во 2025 година.

Во извештајот се наведува дека минатата година во конфликти биле убиени или повредени 14.224 деца. Но, тоа е бројка што опфаќа само потврдени случаи, затоа се претпоставува дека број на жртви е поголем.

Исто така се посочува дека се регистрирани вкупно 6.576 случаи на регрутирање малолетници и искористување на деца во конфликти, при што најголем број се забележани во Демократска Република Конго (1.397 деца), по што следуваат Нигерија, Хаити и Сомалија.

„Спасете ги децата“ е формирана од англиската хуманитарка Еглантајн Џеб во 1919 година, откако таа била сведок на страдањето на децата за време на Првата светска војна.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Зеленски: Членството во НАТО е најдобра гаранција за безбедноста на Украина и Европа
Ердоган: Домашниот дрон „Кизилелма“ стана дел од арсеналот на турските вооружени сили
Мјанмар извршил геноцид врз Рохинџите, пресуди Меѓународниот суд на правдата
Маск се чувствува прилично глупо што потрошил над 400 милиони долари за кампањи на републиканците
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Хутите го погодија највисокиот облакодер во Ријад
Данскиот парламент едногласно го ратификуваше договорот со САД за Гренланд
Бриселските засолништа се борат да сместат семејства поради кризата со домувањето
Кси, Трамп и Путин ветија реформа на ОН и намалување на нукларните ризици
ИЕА: Се очекува емисиите на ЦО2 од центрите за податоци да се зголемат за 70% до 2030 година
Хакери украле 62 милиони страници владини документи во Бугарија
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО