Две лица се повредени во инцидент што се случи во денеска наутро во Првото техничко училиште во Крагуевац. Полицијата уапси 17-годишен ученик осомничен за употреба на огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Полициската управа во Крагуевац околу 8 часот наутро била известена дека во училиштето се случил инцидент во кој се повредени две лица. Едно лице е повредено, најверојатно од огнено оружје, додека другото се здобило со повреди од скршено стакло.
Полицијата го привела и уапсила 17-годишниот ученик во училиштето, за кого постои сомневање дека употребил пушка од мал калибар во училишната сала.
Полициските сили се на местото на настанот и интензивно работат на утврдување на сите факти и околности за овој инцидент, се вели во соопштението на МВР.















