| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Во пораката упатена до состанокот на ОН, одржан по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, Ши изјави дека палестинското прашање е во сржта на проблемот на Блискиот Исток
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците / Reuters (Wire)
 

Кинескиот претседател Ши Џинпинг се спротивстави на одземањето земјиште и дејствата со кои се прекршуваат правата на Палестинците, повикувајќи на траен прекин на огнот во Газа и заштита на цивилите.

Во пораката упатена до состанокот на ОН, одржан по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ, Ши изјави дека палестинското прашање е во сржта на проблемот на Блискиот Исток.

Тој нагласи дека тековните тензии во регионот не смеат да го одвлечат вниманието на меѓународната заедница од палестинското прашање.

Ши истакна дека клучот за решавање на палестинското прашање лежи во поддршката за дводржавното решение и во поттикнувањето на продолжување на мировните преговори меѓу Палестина и Израел.

Управувањето со окупираниот Западен Брег и повоената обнова на Газа треба да се одвиваат во согласност со принципот „Палестинците да управуваат со Палестина“, рече тој, спротивставувајќи се на секое одземање земјиште или дејствија насочени против Палестинците со кои се кршат нивните права.

Ши ја повика меѓународната заедница да ги преточи своите заложби за поддршка на Палестина во конкретни дејствија, да промовира траен прекин на огнот во Газа и да ја осигури безбедноста на цивилите.

„Правдата ќе победи и таа не смее да изостане“, рече Ши, повторувајќи ја поддршката на Кина за легитимните национални права на палестинскиот народ.

Тој додаде дека Пекинг ќе продолжи да соработува со други земји за да се постигне сеопфатно, праведно и трајно решение за палестинското прашање, засновано на меѓународното право.

Од октомври 2023 година, израелската војска и окупаторите ги засилија нападите врз Палестинците низ окупираниот Западен Брег.

Според палестинските податоци, во тој период, во нападите на израелската војска и окупаторите на Западниот Брег загинале повеќе од 1.220 Палестинци, а околу 13.750 се ранети, додека повеќе од 26.000 лица се приведени.

Повеќе
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни