| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
Според министерот Клековски, значителен дел од граѓаните трошат повеќе средства за навика што му штети на здравјето отколку за неговата заштита.
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување
Клековски: Пушачите трошат над 600 евра годишно за цигари, повеќе отколку за здравствено осигурување / َAA
 

Просечен пушач во земјава годишно издвојува повеќе од 600 евра за цигари, што е повеќе од сумата што се плаќа за здравствено осигурување. На ова предупреди македонскиот министер за здравство Сашо Клековски, оценувајќи дека станува збор за неодржлива состојба, особено ако се земе предвид дека пуши околу половина од населението.

Според Клековски, значителен дел од граѓаните трошат повеќе средства за навика што му штети на здравјето отколку за неговата заштита.

„Имаме ситуација во која просечен пушач издвојува повеќе за пушење отколку за здравствено осигурување. Годишното здравствено осигурување изнесува околу 420 евра, додека за цигари се трошат над 600 евра. Тоа е неодржлива ситуација во која половина нација издвојува повеќе за да си наштети на здравјето отколку за да го заштити“, изјави Клековски.

Тој говореше на националната конференција „Од податоци до политики: Како да ја намалиме цената на пушењето?“, организирана од тинк-тенкот Аналитика во соработка со Светската здравствена организација.

Министерот посочи дека борбата против пушењето треба да се води и преку намалување на достапноста на тутунските производи, особено во однос на нивната цена и можноста за купување.

Во таа насока, новиот закон за забрана на пушењето предвидува мерки за ограничување на пристапноста до цигарите, меѓу кои и забрана за рекламирање и нивно отстранување од видното поле на потрошувачите.

Како еден од клучните приоритети Клековски ја посочи заштитата на малолетниците. Според него, потребен е општествен консензус околу две основни правила – забрана за пушење во затворени простории и забрана за продажба на цигари и слични производи на лица помлади од 18 години.

Тој најави дека по усвојувањето на законското решение посебен акцент ќе биде ставен на контролата на продажбата на тутунски производи на малолетници. Притоа се повика на извештаи според кои повеќе од две третини од малолетниците не биле одбиени кога се обиделе да купат цигари.

Клековски ја посочи и цената како важен фактор што влијае врз достапноста на тутунските производи. Според неговите пресметки, пушач кој годишно консумира околу 270 кутии цигари троши повеќе од 600 евра.

Тој ја отвори и можноста дел од средствата собрани од акцизите и евентуалното зголемување на цените на тутунските производи да се пренасочат кон здравствениот фонд. На тој начин, приходите од производи штетни за здравјето би можеле да се користат за лекување на последиците од нивната употреба.

Во однос на новиот закон, министерот информираше дека тој е во собраниска комисиска расправа и дека побарал да му биде даден максимален приоритет. По неговото усвојување ќе следуваат подготовките за спроведување, вклучително и обуки за инспекциските служби и активности на терен.

За акцизната политика, Клековски нагласи дека нејзиното утврдување не е во надлежност на Министерството за здравство, но го повтори својот став дека производите штетни за здравјето не треба да бидат меѓу најевтините и најлесно достапните на пазарот.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Песков: Украина ќе добие „болен“ одговор на нападите врз руските бродови во Либија и Балтичкото Море
Анкета: Марин Ле Пен со убедлива предност во трката за претседател на Франција во 2027 година
Ајзенкот: Нема непосредна закана од Иран што бара дејствување пред формирање на владата
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Поморскиот одбранбен систем Ѓокдениз на АСЕЛСАН погоди цели за време на тестирање во Црното Море
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Турски извори: ПКК напушти 14 засолништа во Ирак, додека процесот на разоружување напредува
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Синот на Милорад Додик номиниран за мандатар на Владата на Република Српска
Јужна Кореја именува нов министер за надворешни работи и прва жена шефица на разузнавачка служба
Германија ја предупредува Русија да не врши провокации насочени кон територијата на НАТО
Кина не бара своја „сфера на влијание“ по историскиот трилатерален самит
Трамп ги обвини американските гласачи за падот на берзите и постапките на Иран
Извештај: Кина осуди владин службеник на смрт поради оддавање државни тајни