| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мароко: Продолжува потрагата по исчезнатите во земјотресот
Најмалку 2.122 лица загинаа, а 2.421 се повредени во силниот земјотрес што го погоди Мароко, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи Меѓу повредените, 1.404 лица се во критична состојба
Мароко: Продолжува потрагата по исчезнатите во земјотресот
Меѓу повредените, 1.404 лица се во критична состојба / Photo: AA / AA
11 септември 2023

Во тек се операции за пребарување и спасување на луѓето затрупани под урнатините по разорниот земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко во саботата.

Акциите продолжуваат во областа Амизмиз во Маракеш, која беше погодена од земјотресот.

Најмалку 2.122 лица загинаа, а 2.421 се повредени во силниот земјотрес што го погоди Мароко, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи. Меѓу повредените, 1.404 лица се во критична состојба.

Регистрирани се смртни случаи во неколку региони како Ел-Хоуз, Тарудант, Чичауа, Тизнит, Маракеш, Азилал, Агадир, Казабланка и Јусуфија.

Кралот на Мароко, Мухамед Шести, по земјотресот што ја погоди земјата, прогласи тридневна национална жалост при што знамињата на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје.

Покрај тоа, кралот ја задолжил Владата да формира министерски комитет за програма за обнова на објектите уништени од земјотресот.

Ова е најсилниот земјотрес што ја погодил оваа северноафриканска земја во последните сто години, објави Националниот институт за геофизика на Мароко.

Земјотресот е почувствуван и во соседните Алжир и Мавританија.

Повеќе
Турскиот претседател ја одбележува победата на Чанаккале во Првата светска војна
ОАЕ: Пресретнати ракети и беспилотни летала од Иран
Зеленски е во Лондон за засилување на воената соработка со Велика Британија
Ердоган: Израелските акции го туркаат регионот кон катастрофа
Советникот на Трамп за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната во Иран
Европскиот парламент: Босна и Херцеговина не напредува на патот кон ЕУ
НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ
Фидан во телефонски разговор со Лавров се заложил за оживување на мировните преговори за Украина
Турската морнарица спроведува летови за обука за пребарување и спасување во Сенегал
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи
Израелската армија започна бран „обемни“ воздушни напади врз Техеран
Каја Калас предупредува дека дезинформациите ги загрозуваат демократиите
Европската комисија ги укина финансиските мерки против Косово
Нафтените деривати повторно поскапуваат