| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Над 3.000 загинати, илјадници исчезнати во поплавите во Либија
Премиерот на Владата на национално единство во Либија, Абдулхамид Дибејбе, соопшти дека во земјата е прогласена тридневна жалост
Над 3.000 загинати, илјадници исчезнати во поплавите во Либија
Околу 7.000 семејства остануваат блокирани во погодените области, а во тек се спасувачки операции за нивна евакуација / Photo: AA / AA
12 септември 2023

Повеќе од 3.000 лица загинаа, а многу луѓе се водат за исчезнати по поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ што ја погоди Источна Либија.

Во изјавата за Анадолу министерот за здравство на Владата назначена од Парламентот, Осман Абдул Џалил, рече дека најголем број луѓе загинале во крајбрежниот град Дерна.

Други градови и населени места погодени од катастрофата се Бенгази, Бајда, Ал Марџ и Соуса.

Џалил истакна дека бројот на исчезнати луѓе е во илјадници, но се воздржа од давањето точна бројка.

Претходно извор од либиската Црвена полумесечина за Анадолу изјави дека бројот на загинати во погодените региони достигнал 2.800, а повеќето од нив се удавиле или загинале при уривањето на станбените објекти.

Околу 7.000 семејства остануваат блокирани во погодените области, а во тек се спасувачки операции за нивна евакуација, нагласи изворот.

Либиската Црвена полумесечина изгуби четири лица од својот персонал во спасувачките операции.

Абдулхамид Дбеибе, премиер на либиската Влада на национално единство со седиште во Триполи, ги прогласи сите области погодени од смртоносните поплави за „зони на катастрофа“ и објави тридневна национална жалост.

Жоржет Гањон, претставничка на Обединетите нации и хуманитарна координаторка за Либија, рече дека длабоко жали поради последиците од сериозното влијание на ураганот и задолжи тим за поддршка на локалните власти и партнерите во регионот.

Првичните извештаи укажуваат на тоа дека десетици села и градови се сериозно погодени од ураганот со големи поплави, оштетувања на инфраструктурата и голем број загинати, повредени и исчезнати.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници